X
 05.09.2016 Технологија

Не, интернетот не ја уби книгата

И покрај сите дигитални дистракции, повеќето луѓе се уште преферираат да читаат печатени книги.

Девојка чита книга во библиотека

Студија на Pew Research Center покажала дека апетитот на Американците за читање книги не е намален последниве години. 65% од возрасните лица во САД изјавиле дека прочитале печатена книга изминатата година, ист процент како и во 2012-та.

28% изјавиле дека се одлучиле за е-книга изминатата година, додека 14% избрале аудио книга.

Истражувачите бележат дека мислењето дека со подемот на електронските книги им се одбројуваат деновите на печатените книги, едноставно не држи вода.

Во студијата на Pew Research Center биле опфатени над 1.500 испитаници. 38% одговориле дека читаат исклучиво печатени книги, додека само 6% од испитаниците изјавиле дека читаат исклучиво е-книги. 28% читаат и печатени и дигитални книги.
Подготвил: А.Д.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија