се виде загриженост за состојбата со бранот на Сиријците низ Европа и Западот, што доведе хуманитарци од целиот свет со намера да не се откажат од светската заборавена бегалска криза.
Обединетите Нации соопштија дека сега 65.3 милиони луѓе во светот морале да ги напуштат своите домови за да го избегнат конфликтот, што е најмногу од периодот кога се води евиденција и евентуално од крајот на Втората Светска Војна.
Но во еден свет каде 34.000 луѓе се присилно раселувани секој ден, мал дел од причините позади што оваа глобална криза добива внимание е политичкиот фокус и финансиската поддршка што ја добиваат. Работејќи со Агенцијата за бегалци на Обединетите Нации и Советот за Бегалци на Норвешка, весникот
ја направи оваа листа како избор на земји од бегалската криза во светот, кои се гладни за внимание и како резултат на тоа се драстично незадоволни.
“Кога една земја ќе престане да ги заштитува групите на луѓе, а меѓународната заедница гледа на тоа на друг начин, тоа е катастрофа за луѓето што живеат во овие области“- вели Ричард Скретеберг, сениор советник во Советот за бегалаци на Норвешка, кој пишувал за ова, и се обидува да му помогне на светот во кризните области повеќе од 30 години.
Секоја од кризите подолу е различна, но сите тие се обединети од фактот дека траат долго време, стагнирајќи поради недостатокот на политичка волја за да се поправат нештата.
“Конфликтите се како самите бегалци. Ако е свежо, ако е ново медиумите се таму, потоа имате имиња, како ова младо момче на плажата. По 10 години вие сте го збаоравиле името. Нема никој повеќе таму, нема медиуми, а и нема пари. Пред се бара храбри политички лидери кои би ги идентификувале предизвиците и би направиле нешто околу нив. На пример Доналд Трамп може да ослободи десетици илјади мексикански деца на кои им треба заштита- вели Скретеберг.
Тој објаснува: “Ние мора да покажеме преку нашите зборови дека ова е хуманитарен предизвик, а не да се користат овие предизвици за да се подделат луѓето во нашите сопствени земји. Ние треба да се обединиме да направиме максимален напор за да се решат овие ситуации“.
Јужен Судан- Тивка криза
Приказната како борбите се вратија во Јужен Судан во Јули, и со извештаи од ужасното насилство кон меѓународните хуманитарни работници, беше покриено на насловните страни насекаде во светот. Но заборавената криза овде е дека борбата притив племенските линии што е во Јужен Судан со децении, има разурнувачки ефект врз локалното население.
Неверојатно секој петти човек е принуден да го напушти својот дом, вклучувајќи 1.66 милиони внатрешно раселени во земјата и 800.000 бегалци насекаде на други места.
“Токму сега огромната популација бега од Јужен Судан во Уганда. Тие бегаат од сите видови на злоупотреба, тортура и намерни напади од војската“- вели Кенеди Мабонга, регионален директор за Африка, на Советот на бегалци во Норвешка.
Но тие не бегаат само за да ги спасат своите животи, бидејќи поради вкоренетите борби немаше време за да се посветат на културата и економијата беше погодена од катастрофалната хиперинфлација, а има и големи поплави предизвикани од невремето “El Nino“.
Од Советот велат дека токму сега, 1500 луѓе дневно бегаат во Уганда. Тоа е слично како и дневните пристигнувања на целиот континент во Европа во 2016 година. И затоа што мажите се секогаш заробени во борбата, 87 проценти од оние што бегаат се жени и деца.
Алис Дигама, 24 годишна жена, седи на подот од шаторот со нејзиното 2 недели старо бебе. Нејзиниот син е еден од многутте деца родено како бегалец. Новороденчето има тешкотии со дишењето, во внатрешноста на шаторот е ужасно топло.
Таа беше во поодмината бременост кога избегала, и ја преминала границата, откако нејзиниот сопруг ја напуштил за друга жена. Сега таа сонува за мирен живот и сигурна иднина за нејзиниот син.
“Толку сум уморна од војната. Не можам да поднесам да се плашам повеќе. Сега мислам на иднината на мојот син. Се надевам дека ќе биде добро“- изјавила Алис.
Додека бројот на бегалци во Јужен Судан во соседната земја Уганда се зголемува, војната продолжува да ја пустоши најмладата земја во светот. Јужен Судан е исто така еден необичен случај, во контекст на глобалната криза, делумно поради тековите на миграција кои се појавуваат и одат во двете насоки.
Племенската природа на конфликтот значи дека додека некои етнички групи бегаат низ северниот дел од границата кон Судан, другите групи кои се прогонувани во Судан, патуваат во спротивна насока. Невладините организации проценуваат дека и покрај комплетниот прекин на основната инфраструктура, Јужен Судан и самиот е домаќин на над 260.000 бегалци од другите земји. Споредете го тоа со богатите европски земји кои понудија домови на повеќе од неколку стотици азиланти за секој од нив.
“Тоа е тивка криза. Ние зборуваме тука за огромен број, половина милион пристигнуваат во малата земја, но светот не го гледа тоа. И како резултат, финансирањето не е доволно за да ги спречи да си заминат“ вели Мабонга.
Јемен: Заминувањето не е опција
Повеќе од било која друга заборавена криза на оваа листа е конфликтот во Јемен што се влошува со присуството на многу заинтересирани страни, кај меѓународната заедница. Додека сите се чини дека имаат удел во она што е крај на контролата што е останато во оваа земја, страдањата на луѓето кои живеат таму не се пријавуваат и за нив нема доволно ресурси.
УНХЦР проценува дека над 82 отсто од населенито во земјата, или 21.2 милиони луѓе, не се класифицирани како случаи на кои им е потребна итна хуманитарна помош. Тоа се рангира како најлошата хуманитарна криза во светот.
Иако не е долгогодишна криза како во Јужен Судан, сепак кризата во Јемен не е нова. Луѓето се раселуваат поради борбите од 2004 година, а бројот на раселени лица сега достигнува 3.1 милиони. Но е особено значаен фактот дека луѓето од Јемен не се подготвени да ги напуштат своите домови, и покрај недостатокот од пристап на храна, вода, постојаната закана од воздушни напади и линијата на фронтот меѓу предводената коалиција меѓу Саудиска Арабија и Иран, поддржана од Хути бунтовниците.
Во Јули оваа година само 179.661 луѓе побегнале во соседните земји. Кога борбите станаа особено лоши, НВО организациите формираа широки објекти за примање на бегалците на границата, но речиси никој не се појавил.
“Првично мислевме дека биле блокирани за да бегаат, но во последно време се покажа дека тоа не е случај. Нивниот имот е таму, тие живеат таму, па заминувањето не го гледаат како опција. Многу Јеменци гледаат на ова како на војна во која треба да бидат вклучени и да бидат таму. И тие се спремни да умрат“- вели Мабонга.
Рохингија: Многу очајна ситуација
Еден од најпознатите прогонувани малцинства на планетата, муслиманите од Рохингија се присутни во голем број во две земји, Бурма и Бангладеш, но немаат право на државјанство и да бидат признати како такви.
Најновите бројки покажуваат дека има 512,466 бегалци од Бурма во соседните земји, како и 644.000 внатрешно раселени во самата земја. Но поголем број се уште живеат во неформални населби во Бангладеш, каде што поради недостатокот од признати официјални лица тие се изложени на насилство, злоупотреба и полициска корупција.
"Има недостаток на заштита, и во Мјанмар (Бурма) и во Бангладеш, исто така, па се во многу очајна ситуација веќе неколку години“ вели Скретеберг.
Овој недостаток на заштита ја прави Рохингија многу ранлива за жртви на организиран криминал, а во 2015 година по откривањето на масовните гробници беа најдени тела на бегалци од Рохингија на границата со Тајланд, што беа наслови на вестите во целиот свет.
Постоеја надежи кај меѓународната заедница дека враќањето на Аунг Сан Су Кји во бурманската политика може да го најави морето на промена во среќата на луѓето од Рохингија. Но, војската сеуште ја одржува контролата на речиси сите аспекти што се однесуваат на "внатрешната безбедност", а Аунг Сан Су Кји молчи за ова прашање, и се надева на напредок.
Бурунди: "Бришење на една генерација"
"Ние велиме дека Јужен Судан е заборавена криза, но во споредба со неа, Бурунди е во сенка. Никој не зборува за Бурунди. Но злосторствата таму се исто толку сериозни ", вели Mабонга.
Мала, но густо населена земја, од Бурунди сепак повеќе од 260.000 луѓе бегаат во годината, бидејќи земјата се распадна во политичката криза. УНХЦР соопштува дека се подготвуваат 330.000 луѓе да избегаат до крајот на годината.
Населението е поделено во етнички групи Тутси и Хуту, и како и соседна Руанда има крвава историја на етничко чистење и геноцид во текот на 1970 и повторно настанал во 1990-тите години.
Иако имало судири, во тековната криза, меѓународните набљудувачи се уште не зборуваат за геноцид, но оние што пристигнуваат во камповите во соседна Танзанија раскажувале приказни за луѓе кои се убиени поради тоа што припаѓале на погрешна група.
Она што ја прави Бурунди уникатна во споредба со другите кризи на оваа листа е речиси целосниот недостиг на внатрешно раселени лица, кои бројат само неколку илјади според проценките на УНХЦР. Тоа е затоа што тоа е толку мала земја, а ако на полицијата од спротивната етничка група и е дозволено да предизвикува немири и ако се трага по вас, не постои место за бегање. Не постојат внатрешни кампови за раселени лица, бидејќи тие најверојатно, ќе бидат нападнати.
Уште еднаш, жени и деца го сочинуваат поголемиот дел од бегалците на Бурунди, а мажите остануваат во обид да го заштитат семејството дома или ако одат на друго место се вооружени.
"И целата динамика на конфликти во овој регион, децата се оние кои страдаат најмногу. Ако децата останат, шансите за нив да бидат регрутирани од двете страни се многу високи. Ако тие бегаат, тие нема да добијат образование. Која е иднината на овие земји, ако никој не се образува кога мирот ќе се врати? Овие конфликти ја бришат и уништуваат генерацијата.
Централна Америка, Мексико:"заштитена криза"
Обединетите нации соопштија дека бројот на луѓето кои бегаат од насилство во Централна Америка се зголеми на ниво, што не е видено во регионот, откако беше погоден од страна на вооружените конфликти во осумдесеттите години.
За остатокот од светот конфликтот е мал како и бројот на бегалците и раселени лица принудени да го напуштаат насилството и прогонот во Северниот Триаголник (Ел Салвадор, Хондурас и Гватемала), како и оние кои бегаат од Мексико во САД и се обидуваат да избегаат од конфликтот во Колумбија.
Но бројките покажуваат ситуација каде што десетици, ако не и стотици илјади луѓе се принудени да ги напуштат своите домови поради слабите државни институции и честите насилства поврзани со дрогата.
Рафаел е глава на семејство со пет деца, најмладиот има само три години. Тие избегале од Хондурас и побарале засолниште во јужниот дел на Мексико, каде Рафаел дојде на почетокот на годината, а неговото семејство му се придружи во месец април.
Рафаел неколку пати добил закани од страна на мара, или улични групи кои оперираат во неговото соседство. Еден ден, како што дошол да го земе својот син од часот по пијано, тој беше сведок на борбата меѓу две ривалски вооружени групи. Гледајќи ги лицата на криминалците, единствената негова опција беше да бега.
Една ноќ, мара групата влезе во неговата куќа, а таткото на Рафаел излезе да ги прими во внатрешниот двор, каде што беше убиен. Рафаел и неговото семејство го скршија прозорецот и избегаа, бегајќи прво до првиот сосед, а потоа во црквата во близина.
Одење во полиција не беше опција, училиштето исто така се смета за опасно место, каде што децата може лесно да бидат регрутирани како информатори, или "banderinas".
Рафаел и неговото семејство се раселија од Хондурас неколку пати по нивната прва тепачка, пред конечно да побегнат во Мексико. Денес, Рафаел работи во пекарница, каде испорачува леб. Неговата сопруга врши неформална домашна работа. Негов приоритет е да биде сигурен дека неговите деца имаат покрив над главата, доволно за храна и можност да одат на училиште. Едно од неговите деца работи во продавница за храна, две деца одат во основно училиште и две во градинка.
Во април, портпаролот, Адријан Едвардс соопшти дека УНХЦР за сотојбата во Централна Африка вели дека е “заштитена криза“. Минатата година во извештајот на ОН се покажа дека околу 50.000 од мигрантите кои влегле во САД од Централна Америка биле деца, а "итната акција“, барала да им се даде заштита.
"Кој е мигрант и кој е бегалец во Централна Америка? Тоа е многу важно. Без сомнение раселувањето е поради насилството, а тие се загрозени од овие банди, и тие бегаат затоа што им треба заштита. Во таа смисла, тие не се емигранти, тие се бегалци- вели Скретеберг.
Централна Африканска Република: Централна е само во името
Ова е една од најзапоставените земји во светот со децении. Обвиткана со богати минерали и плодна земја, земјата е во хронична состојба на нестабилност и насилство од добивањето на својата независност од Франција во 1960 година.
Таа падна во криза уште еднаш во 2013 година поради судирите меѓу муслиманската “Seleka“ чадор милитантна група и христијанската "анти-Balaka" полиција.
И покрај својата големина, Централна Африканска Република има мала популација од околу 4,6 милиони луѓе. Обединетите Нации соопштија дека еквивалентно на една десетина од населението, 467,800 се бегалци во други земји, а има повеќе од 380.000 внатрешно раселени.
Претседателските избори во февруари 2016 беа поздравени како позитивен чекор, но Скретеберг вели дека развојот доведе до повлекување на меѓународните финансиски средства во време кога на земјата најмногу и беа потребни за нејзина обнова.
Земјата е рангирана на 187 место од 188 места на индексот на ОН за развој, а постојат стравувања дека ако повторно се игнорира регресијата во насилство е неизбежна.
"Клучно е дека меѓународната заедница учи од своите претходни грешки. Меѓународното присуство и фокус треба да биде постојано на она што се случува во и надвор. Ве молам останете во таа земја, останате таму со години, не само доколку постои договор за мир или ако има избори. Оваа земја навистина треба да се стабилизира, а тоа не е направено во една или две години“- вели Скретеберг.