Од мудроста на
Буда која датира меѓу IV и VI век п.н.е. може сѐ уште да се учи. Тој разликувал четири видови добри пријатели: помагач, пријател што трае и во добри и лоши времиња, ментор и сочувствителен пријател.
Помагачот може да биде идентификуван по 4 нешта: тој ве штити кога сте ранливи, а со тоа и вашето богатство, тој е засолниште кога сте исплашени и во многу нешта дава дупла од она што му е побарано.
Трајниот пријател може исто така да биде идентификуван по четири нешта: ви кажува тајни, ги чува вашите тајни, не ве напушта во несреќата и дури би умрел за вас.
Менторот може да се идентификува по тоа што ве спречува да направите грешки, ве води кон добри делувања, ви кажува што треба да знаете и ви го покажува патот до убавите нешта.
Сочуствителниот пријател може да се идентификува исто така по четири особености: тој не се радува на вашата несреќа, се радува на вашата среќа, спречува другите да зборуваат зло за вас и ги охрабрува другите што ги фалат вашите квалитети.
Какви се вашите пријатели?