X
 22.02.2021 Живот

„Пријателите што ќе ги стекнете на факултет се пријатели за цел живот, дури и ако не сте се виделе со години“

Научно е докажано дека одржувањето контакти со пријателите од факултет е вистински предизвик, а ќе ви донесе големи придобивки.

Пријателите стекнати во текот на факултетските денови се многу важни за емоционалното здравје, велат експертите, а факултетот е клучен момент за создавање блиски пријатели.

Освен тоа, групата со која се дружите за време на факултетските денови влијае врз тоа колку добро ќе се покажете на предавањата. Според истражување од „Дартмаут“, вашиот избор на пријател влијае врз вашиот успех на предавањата, така што кога вашите родители велат дека пријателите се лошо влијание, треба да го земете предвид тоа.

Дека пријателите од факултет се важни, докажуваат и цитатите во продолжение.

- Пријателите што ќе ги стекнете на факултет се пријатели за цел живот, дури и ако не сте се виделе со години.

- Златни беа деновите што ги поминував со моите факултетски пријатели.

- Некои пријатели и не се баш пријатели. Тие се семејство.

prijateli
Фото: Freepik

- Како што продолжуваме по факултетот, се сеќаваме на времињата што ги поминавме заедно, а иако нашите животи се менуваат, ние и понатаму ќе бидеме пријатели.

- Основно училиште: 30 пријатели.
Средно училиште: 10 пријатели.
Факултет: 3 вистински пријатели.

- Спријателувањето со 100 луѓе не е чудо. Чудо е да се спријателиш со една личност што ќе биде покрај тебе дури и кога стотици се против тебе.

- Ако немаш пријатели што би направиле сѐ за тебе, тогаш си го пропуштил студентскиот живот.

- Факултетот е место каде што ќе се спријателиш со некого без оглед на тоа колку се обидуваш да не го направиш тоа.

- Мојот факултетски живот не би бил целосен без лудите пријатели што ми го направија животот возбудлив.

- Претходно не сфаќав зошто некои луѓе велеа дека пријателите од факултет се доживотни пријатели. Сега знам зошто.

- Најдобриот збор со кој може да се опишат факултетските пријатели е семејство бидејќи заедно доживувате многу работи.

- За да дипломираш на факултет, потребни ти се: книги, белешки и пријатели.

- Постојат многу причини зошто животот станува значаен кога имате пријатели од факултет од кои зависите и на кои се потпирате. Една од нив е дека тие се постојан извор на среќа и учење.

Извор: Lovelifestatus.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот