X
 20.09.2016 Живот

Какви пријатели не ви се потребни?

Важен сегмент од животот е социјалниот живот, но пред да сé да имаме пријатели што ни се поддршка. Таа не е потребна за нештата што веќе сме ги надминале, туку за она со што моментално се соочуваме или што треба да се случи. Сепак, не сите пријателства вредат за да се вложуваме во нив со време, енергија и доверба.

Какви пријатели не ви се потребни?

Пријатели што постојано се жалат:
ова може да делува многу истоштувачки. Ако минуваме повеќе време со ваков човек, лесно ќе постанеме и ние такви. Проблемот со ваквите пријатели е што нема нешто со што би им помогнале да го видат проблемот. Тие не се гледаат како такви се отпорни на позитивни совети.

Пријатели што постојано велат „не“: вакви луѓе има многу во нашата околина. Тие се постојана состојба на негодување и автоматски одговараат со „не“ со листа на причини. За да ги препознаете, треба да сте свесни дека постои тој синдром на постојано одбивање и велење „не“. Тие всушност ги вербализираат своите стравови и постојано се плашат да преземаат ризици.

Пријатели што се сомневаат:
ваквите пријатели често се чини дека нудат поддршка кога всушност будат сомнежи во другиот за неговите способнсоти да се соочи со предизвикот. Сомневањето во себе е најголемата причина за неуспех, а овие пријатели набрзина ќе ни потенцираат што тргнало наопаку и зошто треба да се откажеме. Тие делуваат како да се на наша страна, додека всушност го напаѓаат нашиот карактер.

Пријатели што постојано се фалат: убаво е кога достигнувањата и успесите ги споделуваме со пријателите, но претераното нагласување на истите е истоштувачко. Постојаното фалење е и знак на мала самодоверба. Ваквите пријатели не може да се потпрат на туѓото внимание за да си ги потврдат нивните успеси. Своите вреднувања мора да ги најдат внатре во себе. Ако сте приметиле дека премногу внимание посветувате на успесите на другите наместо на своите, време е да ги смените пријателите.

Пријатели што постојатно го пренасочуваат вниманието: ваквите пријатели ќе ги препознаете по тоа колку поважни им се социјалните мрежи или телефонските разговори наместо фокусот на вас додека сте заедно. Тие манифестираат најразлични видови на однесување без почит. Овие пријателства често се сметаат за неважни поради нивниот однос, но тие луѓе е подобро да ги немате во околината и да се опкружите со луѓе што ќе се концентрираат на вас. Сите се понекогаш невнимателни и дефокусирани, но ако имате некој што постојано е таков, запрашајте се колку вреди тоа пријателство.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот