X
 08.09.2016 Живот

Научете ја вештината за справување со конфликти

Ретко кој сака конфликти. Дури постојат луѓе  што прават работи против себе и сопствената војла само за да ги избегнат или заобиколат.

лутина


Kонфликтите не мора да се секогаш проследени со високи тонови на гласот. Често се нијансирани и комплексни. Тие придонесуваат да чувствуваме вина, или да се сомневаме во себе, дури и да се чувствуваме засрамени и ранливи. Сепак, од нас зависи како ќе се справиме со нив. Имаме четири опции:

1. Да се согласиме со другата личност и да не речеме ништо – одбегнување на конфликтот
2. Да ја игнорираме другата личност целосно – одбегнување на конфликтот
3. Да викаме на личноста со иста количина и интензитет како и таа нам – агресивност
4. Смирено и рамноправно да ја прикажеме нашата перцепција на нештото додека го правиме она што чувствуваме дека е правилно – наметнување

Која од овие опции би ја одбрале?

Вашиот одговор веројатно зависи од од способноста да се справувате со конфликтни ситуации. Ова првин се учи во домот и од семејството. Ако вашите родители биле агресивни, веројатно и вие сте такви, ако се заобиколувале емоциите, можно е да ви биде поудобно да ги заобиколувате ваквите ситуации.

Ако сте поагресивни, веројатно ќе се чувствувате помалку ранливи, но тоа најчесто не е најдобрата опција. Најчесто морате или да се спуштите на нечие ниво или да заминете. Но, ако останете да се соочите, барем ќе научите нешто ново.

Ако се обидете да не го провоцирате другиот, големата слика би била дека тој ја предводи целата ситуација, а откако ќе заминете од таму како жртва вие ќе морате да се соочите со токсините од туѓиот бес.Најразумна би била четвртата опција – наметливост.

Четири вештини на наметливоста

1. Справете се со чувствата, особено со лутината и бесот
2. Проценете ја ситуацијата
3. Формулирајте го вашиот одговор
4. Пренесете го одговорот смирено и со почит кон другиот без оглед на вашите чувства

Психолозите велат дека одбегнувањето на конфликтите не функционира како што си замислуваме. Исто така тврдат дека наметливоста се учи и тие вештини се лек за одбегнување на конфликтите.

Можеби личноста на спротивната страна што има намера да го истури бесот врз вас и понатаму ќе вика иако одлично сте ги примениле вештините на наметливоста. Нивната цел е, кога ќе го напуштите местото на настанот да не ги носите со себе дома токсините од нечие недолично однесување. Не е ваша задача да дадете некому лекција, само да се заштитите себе си. Но, ако вашата наметливот го научи другиот на нешто, значи дека сте сториле добро дело.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот