X
 18.12.2016 Образование

Ако сакате да работите во „IBM“ не ви е потребна диплома

Постојат многу добри причини за да се оди на факултет , но за да се добие работа во компанија за технологија не е една од нив.


За голем дел од работните места во технологијата, од програмери до мрежни администратори не е задолжително да имаш диплома. Наместо тоа работодавците бараат специфични вештини кои брзо еволуираат и можат да се добијат преку програми и кампови за кодирање.

Џини Ромети кој е CEO на IBM,  во отворено писмо до претседателот Трамп и во колумна напишана за „USA Today“, нагласил дека за многу работни места во IBM нема потреба од диплома, туку дека припаѓаат во категоријата „нова сфера“ на вработувања. Тоа се комплетно нови улоги во областите на сајберобезбедување, дата наука , вештачка интелигенција и когнитивни бизниси.

Всушност околу 10 до 15 проценти од вработените во IBM немаат диплома од факултет и платите за техничарите започнува со 40.000. Лазло Бок, поранешниот раководител за човечки ресурси во „Google“ изјавил дека факултетот често само го продолжува периодот на адолесценција, а ги почитува вработените кои успеале да се вработат без диплома. Тој уште ги нарекува исклучителни луѓе.

„The Bureau of Labor Statistics (BLS)“ бележи барем седум работни места во компјутерската категорија каде што барем 25 проценти од работниците немаат четиригодишна диплома.
Дипломата од факултет долго време е сметана како задолжителна за економски напредок според многу едукатори.

Уписите на факултет се со највисока бројка до сега во САД каде што речиси 70 проценти од средношколците се запишале на факултет. Тоа останува најдобриот пат до добро платено вработување, а критичните вештини за размислување што ќе се добијат на факултет се вештини кои можат да се искористат на секое работно место. Тука исто така спаѓаат и нефинансиските предности од факултетот како емоционалниот раст и доживотното поврзување со луѓе.

Како што трошоците за факултет се зголемуваат , се повеќе луѓе ја сфаќаат вредноста на високото образование како предизвик. Значаен меѓу нив е Питер Тиел, капиталист и советник на Трамп , кој вели дека факултетот насочува многу млади луѓе на сличен пат, наместо тие самите да креираат сопствена иднина. Тој финансира 100.000 двегодишни стипендии за млади луѓе кои сакаат да изградат нови работни места наместо да седат во училница. Апликантите мора да бидат под 22 години и да прифатат да излезат од училиште.

Барачите на работа наоѓаат други начини да влезат во кариерата со технологија. Преку кампови кои обезбедуваат интензивен тренинг за програмски јазици, а просечно чини 11.000 долари. Интересот за ова се зголемува, уписот се накачил на 16.000 во последната година во САД и Канада, за разлика од минатите години каде што во 2013 изнесувал 2.100, според истражувањето од оваа индустрија. Ова е опција за средношколците кои не се подготвени да се посветат на четиригодишна едукација, како и за студенти кои сакаат да ја променат својата кариера.

Училиштата ја комбинираат релевантната традиционална програма со неопходните вештини за факултети, како и менторирање и работни искуства. IBM го отвори првото во Бруклин пред 5 години, а сакаат и во другите држави да отворат барем уште 20 наредната година.

Но IBM сепак чуваат многу работни места за луѓе со дипломи од компјутерската наука , маркетинг и слично. Дипломците поминале преку неколку административни канцеларии и години тестирање пред да дипломираат. Се додека работодавачите ја ценат функцијата на факултетот, високото образование е правилна одлука. 
Подготвил: Маја Пероска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование