Најубавиот велосипед во светот е српскиот електричен велосипед на белградската компанија "Оnо bikes", оценува Би-Би-Си, која неодамна пратила соопштение до Стопанската Комора на Србија.
Високото признание стигна по забележаниот настап на компанијата "Оnо Bikes" на фестивалот "Pajonirs" (“Пионери“) во Виена, во мај оваа година, со поддршка на Стопанската комора на Србија, каде белградскиот велосипед и визијата на српската компанија го привлече вниманието на голем број на посетители и инвеститори и гo лансираше на врвот на листата на Би-Би-Си.
Оваа глобална медиумска корпорација објави листа на најубави велосипеди во 2016 година, на која првото место го завзема "Arсhont" првиот модел на српските производители на електрични велосипеди, рачно изработени, единствени во светот во однос на дизајнот и технологијата.
“Ова за нас е најпријатното изненадување досега, најважното признание и голем поттик за понатамошен развој, а нашите нови модели ќе бидат уште подобри, побрзи, поудобни и попривлечни. Покрај потврдата дека нашиот тим работи одлилчно, добивме и најдобра препорака за потенцијални инвеститори, пред се од Америка и Западна Европа "- изјавил ко-основачот и извршен директор на компанијата, Марко Шчепановиќ.
Водечката позиција во листата на Би-Би-Си укажува на луѓето од "Оnо bikes", а уште поважно e да се знае дека развојот и побарувачката на електрични велосипеди стана тренд на 21-от век и дека бројот на производители и модели во светот, од година во година значително се зголемува.
"Тие се иднината на нашата економија: паметни, креативни млади луѓе и нивните технолошки иновативни и извонредни дизајнирани производи. Совршеноста на српскиот електричен велосипед е призната од страна и на Гардијан и се вброи меѓу петте најдобри работи од иднината, а сега Би-Би-Си, го прогласи за најубав во светот. Уверен сум дека неговата вредност ќе ја препознаат и инвеститорите и клиентите, и тоа ќе биде следната добра вест што ќе ја добиеме од светот ", рече претседателот на Стопанската комора во Србија, Марко Чадеж.
Иновативните стартап компании како што се: "Оnо bikes", според Чадеж секогаш ќе можат да сметаат на поддршка од Стопанската комора на Србија, за она што се, но и затоа што тие се таква успешна приказна, што треба да биде најдобар поттик и охрабрување за новите претприемачки иницијативи.