X
 30.06.2016 Култура

Дала отказ во Србија и патува низ светот со велосипед

Една професорка по српски јазик веќе пет години патува низ светот со својот велосипед. Снежана Радојичиќ ги забележува своите искуства на блогот, на „Facebook“ и во книгите кои ги објавува.


Снежана неодамна гостувала во емисија на телевизијата „Н1“ во Србија, каде што кажала дека по факултетот сменила околу 15 професии, но се одлучила да одите на пат околу светот со велосипед кога работела во осигурителна компанија и кога сфатила дека во животот не направиле ништо од она што сакала.

Таа открива дека сакала да живее од пишувањето додека патувањето со велосипед се наметнало природно бидејќи и порано патувала со велосипед и уживала во тоа. Често ја прашувале дали би патувала на ист начин доколку би имала повеќе пари и таа вели дека би патувала, но би си дозволила подобра опрема.

„Ми се случува сред ништо да почувствувам чувство на среќа и чувствувам дека би можела да умрам во тој момент и да не ми биде жал. Недостатокот на комфор е минималната цена која ја плаќам за тоа“, вели таа.

Снежана зборувала и за терористичкиот напад во Турција, каде што патувала со велосипед пред неколку години. Таа вели дека се обидува да ги одбегнува опасните региони, но и дека одела на патувања каде што имало цунами, земјотрес или друга катастрофа.

„Ако човек размислува за тоа, никогаш не би излегол од дома“, вели таа.

Двата најголеми предизвици за Снежана биле качувањето на Хималаите и поминувањето низ пустината Гоби. Хималаите биле многу тешки, вели таа, но тоа било фасцинантно искуство за време на кое сфатила колку човекот е мал, временски и физички. Од друга страна, таа не сакала да помине низ Гоби, но немала друг избор освен да користи други превозно средство. Вели дека тоа бил најтежок предизвик за неа и дека возела велосипед на -10 степени.

Снежана вели дека живее од продажба на книгите и издавањето на мал стан во Белград, но понекогаш работи за време на патувањата. Така, во Русија продавала квас на улица, а во Азија волонтирала како професорка по англиски јазик.

Во Србија моментално е поради промоција на книга, по што се враќа во Кина (каде што го оставила велосипедот), а потоа планира да ги посети Јужна Кореја, Јапонија и Филипините доколку добие виза.


Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура