Повеќе од 2.000 луѓе ја гледаат livestream камерата која се наоѓа на крстосницата во центарот на малиот град Џексон Хол во американската држава Вајоминг - никој не знае зошто, а најмалку самите гледачи.
Камерата е поставена веќе шест недели, а нејзината цел е да привлече што повеќе туристи во градот, кој инаку е познат помеѓу љубителите на недопрената природа и активности на отворено, бидејќи се наоѓа во близина на планината Тетон и истоимениот национален парк.
Градските власти поставиле неколку камери - и додека камерата која го прикажува блискиот извор нема скоро ниту еден гледач, камерата која ја прикажува раскрсницата во градот е доста популарна без некоја очигледна причина.
Медумите јавуваат дека „лудилото“ започнало кога еден од гледачите изјавил дека сака да отпатува во Џексон Хол за да изведи нешто пред камера. Тоа се проширило на социјалната мрежа „Reddit“ и стотици луѓе започнале да ја следат камерата и да коментираат се' што ќе видат. Поради огромната популарност, streаm-от заврши и на „Youtube“. Во овој момент мирната раскрсница ја гледаат повеќе од 2.000 луѓе.