Претставници од јапонскиот гигант “Nintendo“ приредија изненадување на големиот настан на “Apple“, како што извршниот директор Тим Кок најави дека играта “Супер Марио“ за првпат ќе биде достапна и на мобилните уреди.
Легендарниот дизајнер Shigeru Miyamoto, креатор на многу познатите ликови, вклучувајќи го и Марио, се приклучи на сцената на “Nintendo“ во Америка, со Бил Тринен.
“Во изминатите 30 години секој пат Марио наидуваше на нова платформа, тој се разви и продолжи да трча кон нова цел. А сега Марио трча кон следната цел: iPhone"- изјави креаторот на Супер Марио.
“Nintendo“ претходно најави дека две од нејзините големи франшизи: “Animal Crossing“ и “Fire Emblem“ ќе пристигнат на самртфоните до крајот на Март 2017 година, но се чини дека се чуваше третата и најголема тајна, со цел да се открие на сцената на “Apple“.
“Супер Марио ќе се појави во Декември на “iPhone“ и “iPad“, за која од “Nintendo“ потврдија дека ќе стигне и на “Android“ замислена како новиот “Супер Марио Брос стил“, а е дизајниран да се игра со едната рака. Акциите на “Nintendo“ во САД скокнаа за 29 проценти за кратко време после објавата (а овој пат беше за
играта што компанијата ја создаде).
Во играта, Марио автоматски трча кон десната страна на екранот, а играчите го допираат екранот за да го натераат да скокне. Ликот вообичаено ќе изгуби живот, ако го погоди непријателот, или да престане играта ако се стрча кон платформата. Заедничко е што и во оваа игра тој прескокнува преку мали пречки како “паркур стил“, што значи фокусот е на собирање монети, избегнување јами и газење по главата на непријателот.
Во прилог на главната светска турнеја каде што играчите се обидуваат да добијат висока оценка и да го направат тоа на јарболот на крајот на секоја фаза, конкурентен мод наречен “Жаба рели“ ве става глава до глава со вашите пријатели и играчи од целиот свет. По избирањето на играч кој го предизвикувате, вие трчате низ фазата на собирање монети и изведувате смели подвизи за да ги импресионирате набљудувачките жаби. На екранот на вашите противници покажува кој пат тие одбрале, кои монети се собрани и каде тие биле најмногу најимпресивни. Можете да ги користите парите собрани во играта за да изберете своја верзија на “Кралството на печурки“, домот на Марио.
Насловот се совпаѓа со изјавената цел на “Nintendo“да ги запознае играчите на смaртфони со серијата на знаци,карактери и елементи на компанијата добро познати за Марио, како супер печурки, “goombas“ чудовишта, блокови со прашалници во многу подостапен дизајн од оној што беше претходно.
Модот на светската тура личи на традиционалната Марио игра со 6 света на 3 нивоа и замок во секоја од нив. Подоцнежното ниво има пречки со лава, надземни реки и специјални блокови што ќе го натера Марио да се врати назад и да продолжи во друга насока или да чека на вашиот знак да продолжи да трча, што ќе биде додадена на комплексноста на играта.