Однадвор можеби изгледа како лидер кој применува воена стратегија што може да резултира со нуклеарна војна и уништување на неговата земја. Но, еден експерт вели дека постои стратегија зад провокативните воени потези на Ким Јонг-ун, кои му даваат предност против САД.
Северна Кореја предизвика глобална вознемиреност кога лансира ракета над Северна Јапонија, слетувајќи во Тихиот Океан, на околу 1.000 километри источно од копното. Потегот наиде на остра критика од јапонскиот и од австралискиот премиер, како и од претседателот на САД.
Експертот за нуклеарна стратегија Випин Наранг вели дека потегот бил провокативен акт, но се претпоставува дека не е последниот од долгата линија на воени потези креирани за да ја консолидираат моќта на Кин Јонг-ун. Северна Кореја смета дека заканата од интерконтиненталните ракети ќе биде доволна за да ги одврати САД од лансирање на нивниот нуклеарен арсенал. Наранг вели дека Северна Кореја ги развила своите оружја имајќи три цели на ум: да избегне промена на режимот, да го попречи повторното обединување на Корејскиот Полуостров според правилата на Западот и да го одврати разоружувањето.
Северна Кореја не поседува доволно воена сила за да ги уништи воените бази на САД, како на пример во Гуам или Јапонија, па се фокусира на развивање балистички ракети, кои имаат потенцијал да го нападнат американското копно. САД беа јасни дека би користеле нуклеарно оружје само како одговор на директен напад, или ако имаат сознанија дека постои закана за нив или нивните сојузници. Наранг смета дека ако Северна Кореја може да ги држи САД на ризик, тогаш калкулациите се менуваат и САД мора да размислат два пати за своите одлуки. Лидерот на Северна Кореја знае дека САД не сакаат да ризикуваат за ниту еден град, вели Наранг. Ракетите ги одвраќаат САД, а со тоа Северна Кореја и режимот преживуваат.
Сепак, ризиците за нуклеарна војна се присутни поради лансирањето на ракетата над Јапонија. Ако се случи нешто катастрофално, тогаш војната ќе се случи сигурно. Северна Кореја има предност во однос на САД, според Наранг, само поради тоа што стои на истиот став постојано, додека САД испраќаат многу измешани сигнали.
Единствената придобивка од брзото развивање на вооружената програма е тоа што светот започнува сериозно да го сфаќа Ким. Наранг потенцира дека треба да се земе предвид и брзиот напредок во програмата, бидејќи Северна Кореја докажува дека технологијата е подобра со секое ново лансирање. Мора да се престане да се гледа на
Ким како на луд човек, бидејќи секој негов потег досега беше рационален, вели Наранг.