X
 12.09.2018 Технологија

Подобар, поевтин: Излезе најнапредниот Ајфон

На септемврискиот настан, компанијата „Епл“ ги  претстави новите уреди - три нови „Ајфон“ модели, копчето за главното мени официјално исчезнува и новите уреди ќе започнат да користат „Face ID“ како безбедносен систем за отклучување. И „Епл“ часовникот е ажуриран, а ќе биде достапен подоцна овој месец.


„iPhone XS, „iPhone XS Max“ и „iPhone XR“ се новите генерации на паметен телефон

1
Фото: AP


Во суштина, „Епл“ го потврди сето она што протече во деновите пред настанот: оваа сезона, компанијата создаде нови „Ајфон“ модели: „XS“, „XS Max“ и „XR“.

XS доаѓа со 5.8 инчен „Super Retina“ OLED екран, додека „XS Max“ има екран од 6.5 инчи.

Она што е посебно интересно е што двата модели имаат поддршка за дуал SIM, поточно еSIM, додека само моделите за Кина имаат два физички SIM слота. И двата „Ајфон“ телефони ќе имаат до 30 минути и еден час повеќе живот на батеријата.

Порачките за „ХЅ“ и „ХЅ Мах“ започнуваат во петок, на 14 септември: „ХЅ“ започнува со цена од 999 долари и 64 гигабајти конфигурација, додека „ХЅ Мах“ започнува со цена од 1.099 долари.

„XR“ ќе пристигне во октомври

1

Има уште еден „Ајфон“, потврден како „XR“, понуден во неколку бои. Има 6.1 LCD екран, што „Епл“ го нарекува „Liquid Retina“. Екранот е поголем од „8 Plus“.

„ХR“ ќе содржи и А12 бионичен чип, 12 мегапиксели камера со широк агол и 7 мегапиксели селфи камера. Порачките започнуваат на 19 октомври, со цена од 749 долари.

Четвртата генерација на паметен часовник на „Епл“ ќе мери ЕКГ

casovnik

Фитнес, поврзаност и следење на здравјето и виталните функции се главните карактеристики на паметниот часовник, што го подобрува животот на корисникот. Часовникот има поголем екран, но потенко тело и поефикасен дизајн.

Најновиот напредок е тоа што може да ја мери работата на срцето и пулсот со што ќе се детектираат клучни информации за здравјето.

Исто така, со новиот часовник ќе може да се прави ЕКГ анализа на срцето, со што корисникот ќе добие клиничка слика за кардио состојбата на корисникот.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија