Научниците ги објавија фотографиите со највисока резолуција од Сонцето што ја откриваат површината на нашата ѕвезда со невидени детали. Секоја од структурите е во форма на клетка.
Ова се првите слики и видеа направени од новиот телескоп наречен „Даниел К. Инуј“, лоциран на Хаваите. Станува збор за најголемата опсерваторија посветена на соларното истражување на Земјата. Телескопот е способен да ги посочи деталите на површината на 28 километри, со што е трипати почувствителен од неговите претходници. Покрај овие фотографии телескопот може да направи и експанзивни широки снимки што можат да соберат 37.000 километри од Сонцето во една снимка.
Фото: NSO/NSF/AURA
Научниците планираат да го искористат овој телескоп за да откријат некои од најголемите мистерии за нашата ѕвезда, вклучувајќи го и прашањето зошто атмосферата на Сонцето е околу 300 пати потопла од нејзината површина.
Исто така, опсерваторијата ќе може да ги проучува пожарите на
Сонцето и исфрлањата на високоенергетски честички на Земјата кои можат потенцијално да ги нарушат електрониката и електричните мрежи.