Истражувачи од Универзитетот во Торонто, во соработка со центарот за здравствени науки „Санибрук“, агенцијата за јавно здравје на Онтарио и болницата „Маунт Синаи“, создале тест за ковид-19 кој се прави со помош на камера од мобилен телефон.
Тестот може значително да ги подобри времето и ефикасноста на дијагнозата на оваа и други болести, пренесува Светскиот економски форум.
За тестот е потребен специјален уред кој лесно се пренесува, а ги детектира антителата во крвта на пациентот. Технологијата може да измери микрочестички кои се активираат со ласер, а резултатите од крвта се анализираат со апликација на телефон.
Истражувачите го тестирале уредот со примероци од крв на 49 пациенти, а тој бил прецизен во 84-88 отсто од случаите.
Со новиот уред може да се овозможи тестирање за ковид-19 надвор од болниците и лабораториите без голем пад во точноста на резултатите.
Извор:
WeForum