Во листата со предлози за надградба на „Емоџи 12.0“ што треба да се појави во текот на 2019 година свое место најдоа и 55 емотикони што прикажуваат различни комбинации од љубовни парови. Но некој недостига.
Застапени се русокосите и бринетите, но нема црвенокоси. Иако се ретка појава, од целата популација природно црвенокоси се само 1 до 2 отсто, но поради тоа не треба да бидат занемарени, нели?
Паровите на емотиконите се претставени во пет нијанси на боја на кожа и во два пола. Во план е објава и на родово неутрални
емотикони. Но таков план не постои за емотиконите за црвенокосите.