X
 12.05.2023 Технологија

„Мета“ тестира нов модел на плаќање на креаторите на кратки видеа

„Мета“ тестира нов модел на исплата што ќе им плаќа на фејсбук-креаторите и инстаграм-креаторите врз основа на тоа колку прегледи добиваат нивните кратки видеа наречени „Reels“.

Неодамна „Мета“ објави дека ќе го промени начинот на кој креаторите заработуваат од нивната содржина, така што тие ќе се засноваат на перформансите на нивните јавни кратки видеа, а не на заработката од рекламите на нивните видеа.

- Ова значи дека креаторите можат да се фокусираат на создавањето привлечна содржина додека ние го оптимизираме рекламното искуство за огласувачите и луѓето. Исплатите ќе се одредуваат според тоа колку пати е пуштено краткото видео. Колку се подобри перформансите на видеото, толку повеќе креаторот може да заработи - велат од „Мета“.

Затоа, креаторите што ќе имаат најголем број прегледи на кратките видеа ќе заработат најмногу.

- Преку нашите тестови учиме дека исплатите поврзани со перформансите се подобри во задоволувањето на потребите на сите - објаснуваат од „Мета“.

Компанијата вели дека илјадници креатори сега имаат право да се приклучат на програмата за монетизација на „Фејсбук“. „Мета“ планира да тестира слична програма за креаторите на кратки видеа на „Инстаграм“ во наредните недели.

Извор: Petapixel.com
Фото: Freepik
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија