X
 14.09.2016 Култура

Часовникот што го променил времето

Гледајќи во часовникот во срцето на Берн, во 1905 година, Ајнштајн ја напишал теоријата за релативноста. Научниот парадокс го прогонувал речиси цела деценија, сè до една мајска вечер во далечната 1905 година, кога погледнал во саат-кулата и го замислил незамисливото...


Средновековната саат-кула со подвижни кукли што ѕвонат, веројатно е најпретставителната градба во стариот дел од градот Берн, во Швајцарија. Zytglooge, односно Временското ѕвоно, го променило текот на времето пред 111 години.

Додека гледал во часовникот, Ајнштајн ја напишал теоријата за релативноста. После децениското “измачување”, кога погледнал во часовникот, Ајнштајн го замислил незамисливото. Што би се случило ако би одјурил од кулата со брзина на светлината? Часовникот би продолжил да отчукува, но гледајќи наназад кон кулата, времето како да застанало. Шест недели подоцна, настанала теоријата за релативноста. Ајнштајн покажал како време-просторот влијае на масата, гравитацијата и енергијата, навестувајќи ја нуклеарната доба, вселенските патувања, притоа менувајќи го и нашето разбирање за ѕвездите и интеракцијата меѓу небесните тела.

Денес саат-кулата привлекува многу туристи кои се собираат пред неа за да ја проследат возбудливата изведба на најпопуларниот швајцарски часовник. Со секој удар на ѕвоната, пајаците го започнуваат својот танц, мечките парадираат, а излегува и Хрон, персонификацијата на времето, кој го свртува песочниот часовник и ја отвора својата уста. 


Саат-кулата во Берн 1

Саат-кулата во Берн 2

Саат-кулата во Берн 3

Саат-кулата во Берн 4
Подготвил: Б.Б.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура