Хотелот „Гримзел хоспис“ во Швајцарија е еден од најизолираните во Европа. До него се стигнува преку подземни тунели и жичници.
Хотелот, кој порано бил болница наречена „Гримсел“, се наоѓа среде мрачен и карпест предел. По реновирањето, бил создаден елегантен хотел, место за љубителите на природата. Хотелот имал панорамски салон, салон со камин, бар, ресторан, винарска визба и удобни соби.
Изграден во 1932 година помеѓу две брани, откако била потопена старата болница, ова бил првиот хотел со електрично греење во Европа.
Болницата, која првпат се споменува во 1400 година, во средниот век била хостел за сиромашните кои пешачеле преку превојот, а ѝ припаѓале на областа Оберхасли. По пожарот во 1852 година, зградата морала целосно да биде реновирана.
Големите структурни промени се случиле кога била изградена голема хидроцентрала во 1930 година. На повисоката карпа меѓу двата дела на браната бил изграден хотел. По отворањето хотелот се најде на насловните страници како првиот хотел со електрично греење во Европа.
Иако се чини дека е невозможно да се стигне до него, гостите тврдат дека патувањето вреди.
Фото: