Локалните власти во италијанскиот кантон Тичино во Швајцарија продаваат куќи за еден франк.
Станува збор за симболична цена за недвижност, а целта е да се привлече ново население во селцето Монти ди Счијага, кое се наоѓа во близина на границата со Италија.
На располагање се девет руинирани куќи од камен, кои купувачите, по склучување на договорот, ќе бидат должни да ги реновираат според сите тамошни
прописи.
Куќите се наоѓаат во идилична околина со поглед на езерото Маџоре, а достапна им е и водоводната мрежа, што значително го олеснува реновирањето.