X
 15.09.2016 Живот

Кои дроги создаваат најмногу зависност?

Ако се размислува за тоа кои дроги создаваат најмногу зависност, може да се коментира од аспект на тоа која нанесува најмногу штета, вредноста на дрогата или до кој степен е ефектот на допаминот, колку задоволство предизвикува, до кој степен предизвикува симптоми на повлекување или за колку време личноста ќе стане зависник.

цигара


Истражувачите велат дека не секоја дрога создава зависност секогаш. Исто така, врз основа на повеќе фактори направено е рангирање.

На прво место е хероинот како дрога што најмногу создава зависнот. Хероинот е опијат што го качува нивото на допаминот во мозокот до 200% во мозокот, според истражувања направени на животни. Тој е исто така опасен, затоа што само пет пати поголема доза од онаа што би го предизвикала посакуваното чувство може да е причина за смрт. Таа е рангирана и втора по ред во штетност за корисникот, но и за општеството.

Алкохолот во оваа листа се наоѓа на второ место. Во експерименти на животни тој го качувал нивото на допамин од 40-360%, колку повеќе алкохол пиеле, толку повеќе растело нивото на допаминот. 22% од луѓето што почнале да пијат алкохол ќе станат зависни во текот на животот, а 3 милиони луѓе починале во 2012 од штетите што биле направени од алкохолот. Тој е рангиран како најштетна дрога во други истражувања.

Кокаинот спречува невроните да го исклучат сигналот за допаминот, што резултира со ненормана активност на патеките за награда на мозокот. Истражувањата покажале дека го зголемува нивото на допаминот повеќе од 3 пати. Тој е рангиран како петта по ред дрога според оштетувањата што ги прави.  21% од луѓето што пробале кокаин ќе станат зависни.

Барбитуратите, или средства за спиење, анксиозност  или епилепсија имаат ефект врз хемиските сигнали во мозокот при што исклучуваат различни регии. Малите дози предизвикуваат еуфориј, а поголемите се смртоносни затоа што го отежнуваат дишењето. Иако тие биле достапни на рецепт, сега со појава на нови лекови нивната употреба е драстично намалена. Од овде произлегува дека ако одредена супстанца што создава зависност не на широко достапна, може да направи помали штети.

Никотинот е главната состојка во тутунот. Кај пушачите лесно се апсорбира на белите дробови и се пренесува до мозокот. Повеќе од две третини од Американците што пробале пушење станале зависни. Се претпоставува дека тутунот ќе убие повеќе од 8 милиони луѓе годишно до 2030. Во лабораториски испитувања на животни, се докажало дека глувците што се тестирале ќе притиснеле копче за да примат никотин директно во крвотокот, што го качува нивото на допамин од 25-40%.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот