Технологијата несомнено има огромни придонеси во секојдневните животи. Но, кога станува збор за децата, најголем дел би биле едногласни дека таа има многу повеќе негативни ефекти од позитивни.
Мајката на 6-годишниот Џон раскажува како прв пат одлучила да купи Ајпот со намера нејзиниот син да има образовни бенефити од уредот откако една од наставничките во училиштето им открила интересни игри за едукација. Ова момче, љубител на читањето и кошарката, на својот Ајпод ја открило играта Minecraft, за која училиштето имало и клуб. Но, колку постравствено ја играл, толку поголеми промени забележувала мајката. Тој сé повеќе се фокусирал на играта и изгубил интерес во кошарка и читање, а одбивал да ги врши и домашните задачи. Некогаш кога ќе се разбудел наутро велел дека ги гледа геометриските фигури од играта во сонот.
Неговото однесување продолжило да се влошува и кога еднаш таа се обидела да го тргне од играта, се соочила со бесен испад на својот син. Секој понатамошен обид резултирал со истото, при што таа се обидувала да се убеди дека играта е „едукативна“. Еден ден сфатила дека проблемот е сериозен. Во време во кое Џон би требало да спие, тој седел во креветот зјапајќи со широко отворени, црвеникави очи и гледал во далечината додека неговиот Ајпод бил поставен до него. Изгледал како да е во транс. Таа морала да го протреси неколку пати за да се прибере.
На Џон му биле потребни 4 години многу поддршка и залагање за да го користи компјутерот за нешта од кои има бенефит, а не штета. Тој повторно игра кошарка и има создадено нови пријателства во училиштето. Сепак, мајка му и понатаму се грижи за времето и начинот на кој тој ја користи технологијата: тој нема компјутер во својата соба и не користи дигитални уреди за време на вечерата.
Постои голема причина зошто дизајнерите на технологијата и инженерите се најпретпазливи родители за овој проблем. Стив Џобс е еден од нив. Иако и многу други се свесни за негативните ефекти: децата стануваат апатични, незаинтересирани и им е досадно кога не се , со таков уред, најчесто им се допушта на децата така да го минуваат времето.
Проблемот е посериозен отколку што се мисли
Неодамнешни истражувања покажувале дека ефектот на предниот мозочен кортект што ги управува извршните функции, вклучително и контролата на импулсите, е ист со ефектот на кокаинот. Имено, нивото на допаминот се покачува, што е најодговорен за зависностите исто колку и при сексуални односи.
Доктор Петер Вајбрау од ULCA Универзитетот ги нарекува екраните „електронски кокаин“, а кинеските истражувачи пак, „дигитален хероин“, а „дигитална дрога“ се нарекуваат и во истражувањето за зависности за Пентагон и Американската морнарица во кое се истражувала зависноста од видео игрите. Истовремено, бројни други истражувања го поврзуваат ова со зголемените случаи на депресија, анксиозност и агресија, а зависноста од екраните доведува и до психотични однесувања кога играчот на игри губи врска со реалноста.
Во една студија со над 1000 тинејџери во изминатите 15 години се докажало дека штом еднаш ќе се помине линијата во зависноста од уредот, многу е тешко да се прават чекори назад кон првичната состојба. Дури било утврдено дека е полесно да се лечи зависноста од хероин и кристален метедрин отколку од видео игри. Според извештаите од изјавата на Американската академија за педијатрија во 2013, едно од 3 деца користат вакви уреди пред да можат да зборуваат, 8 до 10 годишните минуваат 8 часа, а тинејџерите и до 11 часа дневно пред екраните.
Првиот чекор во лечењето на оваа зависност е дигитална детоксификација, односно одземање на дигиталните уреди од зависникот, вклучително и забрана за телевизор, во период од 6 недели. Ова е просечен период во кој хиперактивен нервен систем може да се ресетира. Во овој период потребен е постојан надзор затоа што дигиталните уреди ги има насекаде.
Како да се превенира зависноста кај децата?
Важно е до 8 годишна возраст да им покажете на децата реални наместо виртуелни игри: лего наместо Minecraft, книги наместо Ајпод, спорт и природа наместо телевизија. Исто така, интервенирајте доколку во училиштето се наметнува користење на дигитални уреди барем додека да наполнат 10 или 12 години. Потребно е и да се разговара со нив за причините за ограничувањата. Заменете го времето минато пред екраните со семејни дружби.
Една мајка сведочи за своето искуство за ова: таа вели дека било потребно долго време за нејзините 9-годишни близнаци да ги сфатат штетите од уредите, но штом забележале промени кај своите соученици кои поради екраните биле исклучени од дружбите во реалниот живот, немало повеќе потреба таа да им ги објаснува негативните ефекти на технологијата. Психолозите се едногласни кога станува збор за развојот на децата: социјалните интеракции, вистинските игри и природата се од суштинска важност, а екраните ги спречуваат развојните процеси.
Децата се склони на зависно бегство ако се чувствуваат сами, оттргнати, без цел и ако им е досадно. Родителите мора да им покажат други начини на кои е природно да се одвива животот, како и техники што ќе придонесат детето да формира реална слика за светот околу себе.