X
 15.09.2016 Култура

Пабло Неруда за пишувањето и зошто создаваме уметност

„Да се чувствува наклонетоста што доаѓа од оние што не ги знаеме, ги шири границите на нашето битие и ги обединува сите живи суштества.“

пабло неруда


Зошто се создава уметност? Ова прашање постоело откако човекот почнал да се занимава со уметност. Дополнитено, секогаш постоело и прашање за она што прави да се ужива во самиот процес. Толстој ова го интерптетира како пренос на „емоционална заразност“, за Жанет Винтерсон е „активно предавање“, а за Оскар Вајлд „карактер на приемчивост“.

Чилеанскиот поет и нобеловец, Пабло Неруда, одговара на ова прашање со краток есеј во 1950 година со наслов „Поезијата и детето“, пронајден во една колекција на Неруда и Валехо во јавна библиотека.

Тој се потпира на анегдота од неговото детство што длабоко влијаела не само на неговата поезија, туку и на тоа како тој ја разбира уметноста и животот воопшто:

„Едно време, додека ги истражував малите објекти и суштества од мојот свет во задниот двор на нашата куќа во Темуко, дојдов до една дупка во рамките на оградата. Погледнав низ дупката и видов пејзаж како тој зад мојата куќа, запуштен и див. Се вратив назад неколку чекори бидејќи добив необјасниво чувство дека нешто ќе се случи. Одеднаш се појави дланка – мала дланка на момче на возраст како мене. Додека да се доближам повторно, дланката исчезна и на нејзино место имаше прекрасна бела овца.

Волната на овцата беше бледа. Бујните топки крзно ги немаше. Но сé ова ја правеше автентична. Никогаш не сум видел толку убава овца. Погледнав пак низ дупката, момчето го немаше. Отидов во куќата и донесов од моето богатство: борова шишарка, отворена, полна мириси и смола, што ја обожавав. Ја оставив на истото место и заминав со овцата.“

Тој никогаш не ја видел ниту раката ниту момчето на кое таа припаѓала. Овцата-играчка била изгубена во пожар пет години подоцна. Но, средбата со момчето, со едноставноста на симболиката, во него поттикнале доживотно учење – вториот пат кога ја зграбил таа избледена волнена овца, зграбил длабока вистина за копнежот за заедништво што не поттикнува да правиме уметност:

„Да се чувствува близината на браќата е прекрасно нешто. Да се чувствува наклонетоста што доаѓа од оние што не ги знаеме, од оние што ни се непознати, кои го набљудуваат нашиот сон и самотија, во нашите опасности и слабости – тоа е нешто многу големо и убаво затоа што ги шири границите на нашето битие и ги обединува сите суштества.

Таа размена дома ми донесе за прв пат бесценета идеја: дека целото човештво е некако заедно...
Нема да ве изненади дека се обидував да дадам нешто како смола, од земјата и мирисно во замена за човечко братство. Само што еднаш ја оставив шишарката покрај оградата, оттогаш си ги оставив зборовите на вратата на толку луѓе што ми беа непознати, луѓе во затвор, гонети или сами.

Во едно интервју од 1966 насловено „Јагнето и шишарката,“ во кое Неруда се навраќа на случајот и како тој му го обликувал разбирањето на креативното искуство рекол:

„Размената на подароци – мистериозно – се населила во мене како наталожен депозит.“
Подготвил: Марта Димитров
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура