X
 22.05.2020 Уметност

На изложба во Торонто сликите на Ван Гог ќе може да се гледаат од автомобил

Во време кога многу музеи и галерии се затворени поради пандемијата на коронавирус, една изложба ги отвора вратите за посетителите. Од јуни, љубителите на уметноста во Торонто ќе имаат можност да возат со автомобилите до еден магацин во градот, да ги исклучат моторите и да уживаат во дигитална уметничка изложба за Винсент Ван Гог, додека се во својот автомобил.

Организаторите велат дека изложбата требало да се одржи во зграда во градот, но поради насоките за социјално дистанцирање, било одлучено да се организира во магацин во кој порано се чувале машините за печатење на весникот „Торонто Стар“. Од 18 до 28 јуни, на 14 возила истовремено ќе им биде дозволено да влезат во магацинот и да уживаат во 35-минутната изложба за холандскиот уметник.



Фото: Instagram

- Светлата се гасат и започнува изложбата. Ќе изгледа речиси како автомобилот да лебди низ сликите - вели еден од организаторите Кори Рос.

Изложбата ја нарекуваат и „Гог во вашиот автомобил“, а проекциите веќе се распродадени. Билетите чинат околу 68 долари за автомобил со двајца посетители и доаѓаат заедно со билет за друга изложба која треба да биде прикажана помеѓу јули и септември.


Изложбата го имаше своето деби во Париз минатата година и привлече над 2 милиони посетители. Во рамки на изложбата, сликите на Ван Гог во голема резолуција се проектираат во ѕидовите и подот на големи индустриски локации. Истовремено се пуштаат звуци од бранови и современа музика која одговара на сликите.

Автор: Нора Мекгриви
Извор: smithsonianmag.com
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност