X
 01.09.2015 Уметност

Мали хорор уметнички дела

Само што ќе ја погледнете фотографијата подолу, ќе помислите дека е дел од некој хорор филм. Но, станува збор за уметничкото дело на Натали Наклс. Таа работи со помош на креони и создава вистински мали уметнички хорор цртежи.

 

1


Со маркери и креони изработува оптички илузии како на пример рака од која се ѕиркаат коските и се гледа месото или патент кој открива што се наоѓа под човечката кожа.

Наклс инаку се занимава со музика, свири на клавир, гитара и пее. Но, цртањето од мали нозе ја релаксира и во тоа ужива. Со години е фасцинирана од можностите кои ги дава шминката и која овозможува толкава трансформација.

 

2


Последните неколку години неа ја интересираат рацете и нивната трансформација во мали ремек дела. Како што вели таа, за вакво дело е потребно многу време, а најчестите модели се рацете на нејзините пријатели.

 

1

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Уметност