X
 13.11.2020 Живот

Илон Маск и позитивен и негативен на коронавирусот

Извршниот директор на компанијата „Тесла“, Илон Маск, вели дека направил четири теста за коронавирусот, од кои два биле позитивни. Тој вели дека имал симптоми на типична настинка и ништо невообичаено. Но, кога го повторил тестирањето, со уште два теста, излегло дека всушност бил негативен.

- Денес се тестирав четирипати за коронавирус. Два теста беа негативни, два позитивни. Истата машина, истиот тест, истата сестра. Брз антигенски тест - напиша тој на неговиот твитер-профил.

Милијардерот, кој честопати се обраќа на социјалните мрежи, смета дека и други луѓе веројатно доживеале слични проблеми со несигурни тестови.

Извор: Time.com
Фото: Screenshot/YouTube
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот