X
 16.09.2016 Живот

Што секој од нас треба да знае за емоционалната интелигенција?

интелигенција 

 

Откако беше објавен меѓународниот бестселер „Емоционална интелигенција“ на Даниел Голман во 1995 година, интересот за овој вид на интелигенција драстично се зголеми. Голем број од психолозите и други експерти тврдат дека повисоката емоционална интелигенција води кон подобри перформанси, подобра плата и севкупен успех.


Што човек треба да знае за емоционалната интелигенција?

1. Не е важно како ја нарекувате. Таа ет вистинска и постои

Некои луѓе тврдат дека емоционалната интелигенција всушност не постои и е мит. Истражувањата за емоционалната интелигенција како наука се релативно нови, и голем број психолози не се согласуваат за нејзината примена.

Меѓутоа генералната идеја за емоционалната интелигенција постои уште откако постоиме ние. За да ги откриете нејзините основи потребно е да се запрашате:

- Дали емоциите влијаат врз вашето размислување и донесување одлуки?
- Дали свеста и напорите за контрола на емоционалните реакции прават разлика во однесувањето и резултатите?

Одговорот на овие прашања е да.

Одбивајќи да го признаете ова може да доведе до ситуација во која емоциите ќе ве контролираат вас (наместо обратно) и со тоа вие несвесно ќе бидете изманипулирани од другите.

2. Не постои брз начин за развивање на емоционалната интелигенција


Кога станува збор за емоционалната интелигенција, не постои брз пат до успехот. Како и секоја друга вештина и способност, потребно е време за развивање на емоционалната интелигенција.

3. Лесно е да опадне

Со оглед на тоа што постојат огромен број на фактори кои влијаат врз вашите емоции, лесно е да се вратите на лошите навики и да донесувате лоши одлуки.

Понатаму, кога станува збор за разбирање на чувствата и емоциите на другите, времето работи против нас.

4. Повеќе се поврзани со дејствување отколку чувства

Дали сте тип кој плаче секогаш кога гледате тажен филм? Дали лесно можете да се возбудите или да се налутите?

Луѓето се разликуваат во начинот на кој се соочуваат со емоциите. Дури и после пракса и напор, не можете целосно да ги контролирате вашите чувства и она што го чувствувате.

Меѓутоа можете да ги контролирате вашите реакции на овие чувства. На пример, се'уште лесно се лутите. Но, со развивање на метода која ќе се справи со вашиот гнев, вие избегнувате да се повредите себеси.

5. Влијае врз секоја ваша одлука


Дали прашањето: „Што би можело да тргне наопаку?“ води кон импулсивни одлуки за кои подоцна ќе зажалите или често сте парализирани од неможноста да се движите напред?

Од помагањето да избегнете големи долгови, до помагањето да управувате со стравот од непознатото, емоционалната интелигенција го допира секој аспект од вашиот живот.

6. Директно влијае врз физичкото здравје


Докторите и научниците докажале дека стресот може да предизвика различни здравствени проблеми, вклучувајќи главоболки, болки во мускулите, проблеми со стомакот и замор. Дури и може да го зголеми ризикот на срцев удар и други сериозни болести.

Ова е само уште една причина поради која треба да научите соодветно да управувате со стресот.

7. Може да ги зачува вашите односи


Размислете за последната расправија која сте ја имале со вашиот партнер. Каде работите отишле наопаку?

Емоционалната интелигенција може да ви помогне: да ја видите поголемата слика; да пристапите кон чувствителните прашања на смирен и рационален начин.

Користејќи ја емоционалната интелигенција за справување со несогласувањата, ги претвора деструктивните разговори во можности за учење кои ќе ви помогнат да откриете нови начини за подобра комуникација со партнерот.

8. Вашите мисли се важни

Емоционалната интелигенција се манифестира во нашите акции, меѓутоа започнува во нашиот ум. Зошто? Бидејќи секоја акција започнува со мисли. Затоа, запомнете: вашето однесување влијае врз вашите мисли.

9. Може да се искористи за лоши работи


Важно е да знаете дека емоционалната интелигенција може да се користи и етички и неетички. Секој ден, одредени политичари, колеги и пријатели користат емоционално интелигентни вештини за да манипулираат со другите.

Секако, ова е само уште една од причините зошто треба да работите за подигнување на емоционалната интелигенција и да се заштитите себеси.

Затоа што, на крајот, токму затоа и е емоционалната интелигенција: да ги натерате емоциите да работат за вас, наместо против вас.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот