X
 18.02.2018 Наука

Емоционалната интелигенција може да ви го подобри животот

Емоционалната интелигенција е теорија развиена во 90-тите години од психолозите Џон Мајер и Питер Саловеј. Повисока емоционална интелигенција значи дека умеете подобро да ги читате луѓето, посвесни сте за своите емоции и тоа можете да го искористите за да ги исполните своите цели. Емоционалната интелигенција, според основачите, се состои од 5 клучни компоненти: самосвесност, саморегулација, внатрешна мотивација, емпатија и социјални вештини.


Самосвесноста е способност да разберете што е она што го води вашето расположение и емоции. Саморегулацијата е способност да ги контролирате вашите емоции и импулси. Внатрешната мотивација е кога пронаоѓате причини за да направите важни работи, како што е радоста од учењето, отколку некоја надворешна награда. Емпатијата е препознавањето и разбирањето на туѓите емоции, а социјалните вештини доволно зборуваат сами за себе.

Во бизнис-светот компонентите се: самосвесност, социјална свесност, себеменаџирање и менаџмент на односи. Резултатите по коефициентот за интелигенција може да објаснат околу 25% во разликите кај перформансот на вработениот. Емоционалната интелигенција покажува околу 3%. Кај оние што се вработени во сектори како угостителство, едукација, продажба, разликите во емоционалната интелигенција објаснуваат околу 7% од варијациите во резултатите од работата. Емоционалната интелигенција можеби има поголемо значење кај оние што имаат водечки позиции. Менаџерите, наставниците, тренерите е пожелно да поседуваат повисока емоционална интелигенција. Емоционалната интелигенција може да помогне и во справувањето со ситуациите надвор од организацијата во која работите, особено кога сте во фаза на преговори и слично.

Можеби не сте знаеле, но можно е да ја измерите вашата емоционална интелигенција. Постојат неколку достапни тестови, како на пример „Multifactor Emotional Intelligence Scale (MEIS)“, но проблемот е што ваквите тестови не се бесплатни. Како бесплатни опции пробајте на следните линкови:

1) „Berkeley’s Emotional Intelligence Quiz
2) „Psychology Today’s Emotional Intelligence Test
3) „Mind Tools’ Emotional Intelligence Quiz
4) „The Institute for Health and Human Potential’s (IHHP) EQ Quiz
5) „TalentSmart’s Emotional Intelligence Appraisal
Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука