X
 23.11.2018 Култура

Атлас на храната - кои се локалните јадења во Македонија

Првиот светски атлас за храна на многумина ќе им биде од голема корист бидејќи така ќе знаат што можат да очекуваат од земјата во која патуваат.

По три години подготовка и напорна работа, создаден е првиот глобален атлас за храна наречен „Тејст атлас“, кој засега нуди повеќе од 8.500 автентични јадења, пијалаци и намирници.

На официјалната веб-страница може да пронајдете специјалитети од голем број земји. Идејата на атласот е да се промовираат локалните јадења и посетителите и туристите да се запознаат со традиционалните јадења што можат да ги вкусат во рестораните.

Веб-страницата ја направил Матија Бабиќ, кој на неа работел заедно со дваесетина луѓе.

- Одлучив да го започнам „Тејст атлас“ поради две причини. Првата е дека во еден момент ја изгубив целата волја и ентузијазам околу занимавањето со новинарството во Хрватска. Не гледам надеж дека ситуацијата со корупцијата, клиентелизмот и паразитската економија во блиска иднина ќе се промени на подобро бидејќи повеќето не сакаат да ги менуваат ситните краткорочни интереси за големите долгорочни. Започнав да размислувам за странски проекти. Другата причина е практичка. Љубител сум на храната и на патувањата, а особено ги сакам локалната храна и култура. Сфатив дека недостига веб-страница на која би можел да дознам која тестенина е најдобро да се јаде во Јужна Италија. Одлучив да направам веб-страница што ќе ги даде овие информации - вели Бабиќ.

Иако планирал на веб-страницата да работи сам, на крајот одлучил да оформи тим од дваесетина луѓе со кои работел три години.

- Тоа беше напорна, но и забавна авантура. Освен пребарувањето на интернет, имав и доста теренско истражување. Според мене, најдобрата кујна во светот е италијанската, па јапонската и перуанската. Најлошата храна е во Малта. Локалната храна и локалните пијалаци за многу луѓе се главните мотиви за патување - објаснува тој.

Веб-страницата е многу едноставна за користење, а сѐ што треба да направите е да ја внесете земјата во која се наоѓате или која сакате да ја истражувате и на екранот ќе добиете цел список со јадења. Одлично е и тоа што можете и самите да внесувате податоци и така да им помогнете на оние што ќе патуваат.

Кога станува збор за традиционални и локални јадења во Македонија, на прво место е гравче-тавче, а на листата се наоѓаат и мекици, зелник, милиброд, пастрмалија, макало, ѓомлезец, кукурек, турлитава, селско месо, полнети пиперки, јогуртлитава, крушевски локум, чорба од тиква...

Европска кујна

1

Африканска

2

Азиска

3

Северноамериканска

4

5

Јужноамериканска кујна

6

Океанија

7

Кариби

8

  Европски јадења и ресторани што ги служат

10

11

12

Поранешна југословенска кујна

17

Европска улична храна

22

Европски палачинки

24
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Култура