Кога станува збор за здравјето, исхраната е поважен фактор од телесната тежина. Според податоците од развиените земји, околу 70 отсто од возрасните луѓе имаат прекумерна тежина. Многу е потешко да се открие колку луѓе што имаат соодветна тежина имаат лоши навики во исхраната и во начинот на живот. А тоа може да доведе до здравствени проблеми што не се гледаат бидејќи личноста изгледа здраво.
Статистиката често го проценува масното ткиво на една личност според индексот на телесната маса. Индексот на телесната маса не е во идеална врска со процентот на масно ткиво - тоа е брз и лесен метод за собирање информации за висината и тежината на лицето. Се смета дека ако индексот на телесна маса е поголем од 25, личноста има вишок тежина, а над 30 значи дека е дебела. Но, индексот не покажува колку некоја личност е здрава. Многу луѓе имаат низок индекс на телесна маса како изговор за лошата исхрана и физичката неактивност.
Со користење дополнителни податоци за начинот на животот, исхраната и зачестеноста на вежбањето, истражувањето на австралискиот здравствен завод „Квинсленд хелт“ проценува дека 23 отсто од оние што немаат вишок килограми и не се загрозени, имаат ризик да бидат во иднина. Истражувањето покажува дека процентот на луѓе со прекумерна тежина не дава реална слика за луѓето што имаат нездрав начин на живот. Оваа бројка е многу поголема.
Често луѓето мислат дека ако се слаби, не мора да се грижат за исхраната и не мора да вежбаат. Но, иако се чини дека однадвор изгледаат здраво, можеби ги имаат истите здравствени ризици како и луѓето со прекумерна тежина. Земајќи ги предвид факторите на ризик за срцеви болести, мозочен удар и карцином, главно се мисли на пушењето, холестеролот, крвниот притисок и телесната тежина. Сепак, лошата исхрана и недостигот на физичка активност значително го зголемуваат ризикот од срцеви заболувања и имаат улога во развојот на некои видови рак. Едно истражување од Оксфорд покажа дека здравите луѓе што консумираат храна со многу масти во период од пет дена почувствувале влијание врз вниманието, меморијата и расположението, во споредба со контролната група што јадела нискокалорична храна.
Нема доволно истражувања што ги споредуваат луѓето со прекумерна тежина и слабите луѓе што не јадат здраво, но се знае дека здравата исхрана и вежбањето го намалуваат ризикот од мозочен удар на половина, за шест месеци. Во австралиско истражување, телесната тежина не била значително различна меѓу оние што јаделе здраво и оние што јаделе храна со масти и многу шеќери, што укажува на негативните ефекти од лошата исхрана дури и ако тежината е во рамките на нормалата.
Телесната тежина не е секогаш најдобар показател за внатрешното здравје. Многу побезбеден индикатор е
исхраната. Периодот на спроведување на истражувањето бил краток, па не можело да се заклучи како храната полна со масти и шеќери влијае врз когнитивното функционирање.