X
 20.09.2016 Живот

Како да ги отстраните пестицидите од неорганските производи

Според Американското одделение за земјоделство, органските фарми и произведувачи не смеат да употребуваат генетски модифицирани состојки. Што значи, не смеат да сеат ГМО семиња, а животните на фармите не смеат да се хранат со ГМО храна. Тоа е разликата која ги двои органските производи од неорганските. За некој производ да биде органски исто така, не смее да содржи пестициди.

 

Но, конвенционалната храна, која секојдневно се конзумира речиси секогаш содржи пестициди. Според најновите истражувања, испитаниците кои конзумирале органска храна, и тоа многу краток период, не биле изложени на пестициди. Освен тоа, ризикот од здравствени проблеми драстично се намалува кога организмот прима само органска храна. Во секој случај, и органската храна пред конзумирање потребно е добро да се измие, без разлика на тоа што не е изожена на пестициди.

 

 

 

Експертите сметаат дека постојат неколку техники за миење и прочистување на производите од пестициди. Една од нив е домашна изработка на спреј кој се нанесува на производите. Се работи за комбинација од кафена лажичка лимонов сок, една мала чаша вода и 2 кафени лажички сода бикарбона. Откако овие состојки ќе се измешаат, добивате спреј кој треба да се нанесува на овошките и зеленчукот 5 до 10 минути, а потоа храната да се измие.

 

Може да се употребува и вода и оцет, односно лавабото да си го наполните со 1 четвртина оцет и 3 четвртини вода, а потоа производите да ги оставите околу еден час. Веднаш потоа да ги измите и да ги конзумирате.



Подготвил: М.П.

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот