Стивен Хокинг и стотици други научници, меѓу кои 30 нобеловци, се изјаснија контра Доналд Трамп во однос на неговиот став за климатските промени.
Група од 375 научници излегоа со отворено писмо во кое остро го критикуваат претседателскиот кандидат на САД во однос на тоа дека најави повлекување од Парискиот договор за климата (Parexit), доколку биде избран за претседател во ноември.
Научниците сметаат дека таквиот став на Трамп е загрижувачки и дека Parexit до светот ќе испрати порака дека на САД не им е гајле за глобалните проблеми што се последица на климатските промени предизвикани од човекот.
Парискиот договор е постигнат со согласност на 195 земји во 2015-та, на ОН конференција за климатските промени.
Претседателот Обама беше поборник на договорот, кој подразбира глобална координација во борбата против климатските промени. Трамп пак изјави дека ќе го “откаже“
договорот.
писмото