Во 2006 година, британскиот економист Николас Стерн предупреди дека една од најголемите опасности на климатските промени ќе биде масовната миграција.
- Шокот поврзан со климатските промени предизвика насилни конфликти во минатото. Конфликтот е сериозен ризик во областите како Западна Африка и Централна Азија - напиша тој.
Една деценија подоцна, сѐ уште се обидуваме да создадеме модели што можат да ни кажат каде луѓето би можеле да се движат, и кога. Минатата година, извештајот на Светската банка, што прв ја моделираше миграцијата поради климатските промени во големи размери, процени дека 143 милиони луѓе во супсахарска Африка, Јужна Азија и Латинска Америка би можеле да се преселат во нивните земји до 2050 година.
Фото: The World Bank Groundswell Report
Како што климатските промени се влошуваат, дури и умерено, тоа би можело да предизвика недостиг на вода во Етиопија, за 1,5 милиони Етиопјани да мигрираат до 2050 година. Тие најверојатно ќе се иселат од северните висорамнини и Адис Абеба во јужните висорамнини и планините Ахмар. Адис Абеба лежи во центарот на земјоделскиот регион на Етиопија, а пониските приноси ќе резултираат со движење надвор од урбаниот центар, што во моментов е центар на економскиот развој на земјата.
Но, дали е тоа број на кој можеме да му веруваме? Се прават многу претпоставки, како и дали луѓето ќе реагираат на ист начин како и на претходните климатски катастрофи. Иако моделите се подобруваат, предвидувањето колку ќе се зголемат морињата и колку долго би траеле сушите, вклучуваат многу непознати.
- Постои уште работа на ова поле. Мислам дека не сме навлегле длабоко - вели Брајан Џонс, од колеџот Барух, кој е еден од авторите на извештајот.
Луѓето кои ги создаваат моделите се обидуваат да добијат попрецизни броеви со нови информации од сателитски снимки. Но, постојат ограничувања во користењето на технологијата. На пример, сателитските снимки може да се користат за да се бројат популациите, но променивте во популацијата може да резултира од раѓања и смрт, а не само миграција. СИМ картичките од мобилните телефони покажуваат каде заминале телефоните, но не и зошто; а и повеќе од една личност може да користи било кој телефон.
Фото: The World Bank Groundswell Report
Овие примери се фокусираат на миграцијата во, а не помеѓу земјите, бидејќи токму на тоа се фокусираат повеќето од постојните модели. Зошто? Затоа што кога луѓето се движат, тие обично не одат далеку - луѓето кои се принудени да мигрираат обично немаат многу пари, а ако луѓето од соседната земја зборуваат поинаков јазик, тоа е уште една дестимулација за напуштање на матичната земја. И во некои случаи потенцијалната земја за дестинација има физички или правни бариери што можат да ги принудат луѓето да останат близу домот.
Фото: The World Bank Groundswell Report
Подобрувањето на овие модели е од клучно значење, бидејќи ако владите знаат каде луѓето можат да одат, тие можат да се подготват за она што доаѓа. На пример, град со големи економски можности веројатно ќе привлече повеќе мигранти доколку се случи климатски шок. Ако креаторите на политиката можат да добијат подобро чувство за тоа колку луѓе можат да пристигнат и кога, тие ќе можат да се подготват со насочување на инвестиции во таа област за пристапни кирии, болници и училишта.
- Никогаш нема да добиеме точни броеви, но ако
луѓето го разбираат она што го прави моделот, тие можат да добијат многу корисни информации од него - вели Алекс де Шербинин од Универзитетот Колумбија.