X
 01.07.2022 Наука

Истражувачи предлагаат да се постави вселенски штит за да се намали глобалното затоплување

Истражувачи од Технолошкиот институт во Масачусетс, САД, разгледуваат радикален метод за намалување на ефектите на климатските промени. Тие предлагаат да се постават повеќе „вселенски меури“ кои ќе ја рефлектираат сончевата светлина што доаѓа до Земјата.

Предложениот метод е нов облик на соларно геоинженерство, кој има цел да ја излади нашата планета и да ги спречи најлошите ефекти на климатските промени. Истражувачите предлагаат да се постави заштита од сончевите зраци во вселената, што значи дека не би ставиле потенцијално штетни материи во атмосферата.


Фото: MIT

Тие размислуваат за поставување вид штит со големина на Бразил направен од вселенски меури. Најголем предизвик би била логистиката, но истражувачите сметаат дека заштитните меури би можеле да бидат произведени во вселената.


Фото: MIT

Во моментов течат експерименти за производство на овие меури од силициум, а веќе било направено тестирање на ваков меур на одреден притисок и температура од 50 Целзиусови степени под нулата.

Конечно, истражувачите велат дека меурите би можеле веднаш да бидат уништени доколку се забележат несакани ефекти врз планетата.

Извор: Interesting engineering
Насловна фотографија: MIT
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука