X
 09.12.2017 Живот

„Стоевме таму плачејќи - додека снимавме, солзи ни се тркалаа низ образите“

Кога фотографот Пол Никлен заедно со групата за зачувување „Си Легаси“ пристигнали на Бафинските Острови, наишле на сцена што буквално им го скршило срцето: изгладнета поларна мечка пред самата смрт.

Никлен е фотограф што добро ги познава мечките. Впрочем, во дивината има фотографирано над 3.000 мечки. Но поларна мечка во ваква состојба, беше едно од најтажните искуства со кои некогаш се соочил.

„Стоевме таму плачејќи - додека снимавме, солзи ни се тркалаа низ образите“, вели тој.

Видеото покажува како поларната мечка едвај стои жива, а нејзиното бело крзно го прикрива слабото тело. Една од нозете ѝ се влечка, веројатно поради мускулна атрофија. Барајќи храна, поларната мечка полека превртува една од кантите што биле оставени од рибарите. Не наоѓа ништо и паѓа на земјата.

После објавувањето на снимката, Никлен бил запрашан зошто не помогнал.

„Се разбира, тоа ми помина низ глава. За жал, не шетам со пиштол за смирување или 400 килограми месо“. Дури и да помогнел, Никлен само би го продолжил страдањето на мечката. Плус, хранењето на дивите поларни мечки е нелегално во Канада.

Фотографот вели дека ја снимил бавната, измачувачка смрт на мечката, бидејќи не сакал таа да умре залудно.

„Кога научниците велат дека мечките ќе изумрат, сакам луѓето да сфатат како изгледа. Мечките ќе изгладнат до смрт. Ова е како изгледа изгладнета мечка“.

Со раскажувањето на приказната за една поларна мечка, Никлен се надева дека ќе пренесе поголема порака за тоа како климатските промени имаат смртоносни последици.

Поларните мечки веќе долго време ги чувствуваат ефектите од климатските промени. Како животни кои живеат само во арктичките региони, тие често се првите што ги чувствуваат влијанијата на топлите температури и зголемувањето на нивото на морињата.

Во 2002 година, извештајот на Светскиот фонд за дивиот свет предвидел дека климатските промени би можеле да доведат до загрозување на поларните мечки или исчезнување. Дури и тогаш, извештајот откри дека поларните мечки се преселуваат од мразот на земјата порано и остануваат на земјата подолго, со што нездраво ја проширувале сезоната на хибернација. До крајот на летото, повеќето мечки проучени од Светскиот фонд покажувале знаци на изгладнување.

Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот