Според Меѓувладиниот панел за климатски промени на Обединетите нации за периодот меѓу 2030 и 2052 година е прогнозиран раст на глобалните температури од 1,5 Целзиусов степен во споредба со прединдустриската ера. Што точно значи тоа? Всушност, тоа ќе предизвика цел синџир на катастрофални промени: зголемување на нивото на морето, промена на копнените и морските екосистеми, зголемен интензитет и зачестеност на екстремните временски услови, екстремни температури, суши, губење и изумирање на видови... Размерите на тие промени музејот „Прадо“ од Мадрид, Шпанија, ги илустрирал со помош на неколку ремек-дела од својата колекција.
За овој проект музејот соработувал со Светскиот фонд за заштита на дивите животни, а собрал уметници кои ги измениле познатите слики во согласност со промените што му претстојат на светот.
Фото: Open Culture
Фото: Open Culture
Така, реката на „Пејзаж со Харон кој ја преминува реката Стикс“ на Јоаким Патинир е пресушена, додека нивото на морето толку се зголемило, што речиси и го потопил „Филип IV на коњ“ на Диего Веласкез.
Фото: Open Culture
„Децата на плажа“ на Хоакин Соролја се затрупани со мртви риби, додека зелениот „Чадор“ на славниот Франциско де Гоја станува црн чадор во бегалски
камп.
Фото: Open Culture
Фото: Open Culture
Оваа колекција на „Прадо“ е наречена „+1,5ºC менува сè“ и е изложена на билборди во Мадрид и на интернет, а се надеваме дека ќе одекне во целиот свет додека не е
предоцна.