X
 17.10.2021 Живот

Како ќе изгледаат Солун, Сплит и други градови во иднина ако не се намали глобалното затоплување

Планетата брзо се загрева, а тоа предизвикува повеќе суши и поплави додека поларните предели се топат. Истовремено расте морското ниво, за што научниците очекуваат да продолжи во следните децении.

Непрофитната истражувачка група „Клајмет сентрал“ спровела истражување во кое е пресметано влијанието на зголемувањето на морското ниво на крајбрежните градови. Анализата била направена во соработка со истражувачи од Универзитетот „Принстон“ и Институтот за истражување на климатското влијание во Потсдам, Германија.

Сплит, Хрватска


Во рамките на истражувањето бил направен визуелен приказ на десетици градови низ светот кој покажува сосема различен свет доколку планетата се загрее повеќе од 3 Целзиусови степени од прединдустриската ера.

Во август научниците изјавиле дека светот веќе е потопол за околу 1,2 степен во однос на прединдустриското време, а загревањето не треба да надмине 1,5 степен доколку сакаме да одбегнеме катастрофални последици. Меѓутоа, дури и во најоптимистичкото сценарио, доколку емисиите на стакленички гасови почнат да се намалуваат денес и стигнат до 0 до 2050 г., глобалното затоплување ќе ја надмине границата од 1,5 степен пред да започне да паѓа.


Солун, Грција

„Клајмет сентрал“ покажува како би изгледале градовите низ светот во иднина доколку загревањето е до 1,5 степен и доколку стигне до 3 степени. Меѓу другото, прикажано е како би изгледале Сплит, Задар, Пула, Солун, Бургас, но и Бристол, Лисабон и многу други светски градови.


Хамбург, Германија

Визуелните прикази за сите градови може да се видат овде.

Извор: CNN
Фото: Climate Central (Printscreen)
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот