X
 22.09.2016 Живот

Путин создава нов КГБ?

25 години по завршување на Студената војна, советската шпионска агенција се враќа на сцена, само со ново име.

Владимир Путин на брод

Според Коммерса́нтъ, рускиот претседател планира целосна реконструкција на службите за државна безбедност, со што наводно ефективно ќе биде повторно оживеан некогашниот Комитетот за државна безбедност.

КГБ во СССР се сметаше за една од најефикасните и најрепресивни безбедносни служби во светот, која беше укината со распадот на СССР, а само дел од надлежностите беа префрлени на новооснованиот ФСБ.

Според информациите, во Русија во 2018-та, кога се закажани и претседателските избори, треба да се основа ново Министерство за државна безбедност. Ова име го носеше најмоќната тајна служба на Сталин од 1943-та до 1953-та. Наводно, идејата е новото министерство да настане со спојување на ФСБ и службата за разузнавање СВР.

Официјално, пишува Vecernji, Кремљ ниту ги негира, ниту ги потврдува гласините за реформи на безбедносните служби, на чие чело некогаш беше и Путин.

Во 1983-та магазинот Time по долготрајно истражување објави дека КГБ е најефикасна служба во светот за собирање на информации. Службата собирала информации и легално и нелегално. КГБ спроведувал четири типа на шпионажа: економска, политичка, воено-стратешка и шпионажа со цел дезинформирање.
Подготвил: А.Д.
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот