X
 26.11.2020 Живот

Нов Зеланд го бележи првиот случај на шпионажа од страна на војник во историјата

Војник од Нов Зеланд е обвинет за шпионажа и може да биде осуден на 14 години затвор доколку биде прогласен за виновен. Според властите, ова е првпат во Нов Зеланд некој од армијата да се соочи со такво обвинение.

На војникот ќе му се суди за 17 прекршоци во воениот суд. Името на војникот се чува во тајност и војската не објавува детали за судењето. Она што се знае е дека војникот бил сместен во воениот камп „Линтон“, кој е главен армиски камп на државата со околу 2.000 војници.

Медиумите известуваат дека војникот бил уапсен во декември и дека бил поврзан со десничарски екстремистички групи.

Покрај четири обвиненија за шпионажа, на човекот ќе му се суди и за нелегално пристапување на компјутерски систем со нечесни цели, поседување непристојни материјали и небрежност во должностите.

Властите на Нов Зеланд ги гонат десничарските екстремистички групи откако екстремист уби 51 лице во две џамии минатата година. Тој беше обвинет на доживотен затвор без можност за условно ослободување. Ова било првпат Нов Зеланд да ја изрече оваа максимална казна.

Автор: Ник Пери
Извор: apnews.com
Насловна фотографија: Pixabay
Подготвил: Драгана Петрушевска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот