X
 06.08.2019 Живот

Пентагон лансира шпионски балони над Америка

Пентагон ќе лансира шпионски балони над Средниот Запад за да ги набљудува и следи луѓето и возилата.

Според документите поднесени во Федералната комисија за комуникации, целта е балоните да обезбедат постојан систем за набљудување за да се лоцираат и одвратат шверцот на дрога и заканите за националната безбедност. Но, некои медиуми пренесуваат дека тоа значи и дека обичните луѓе ќе бидат предмет на владин надзор без нивно знаење или дозвола.

Експериментот за набљудување почнал кон средината на јули и ќе трае и во текот на септември. Балоните ќе носат сензори кои ќе ги следат возилата во радиус од 25 милји. Почетната флота е 25 балони кои функционираат со помош на соларна енергија и кои ќе шпионираат во неколку американски сојузни држави, меѓу кои и Ајова и Мисури.

И додека од Пентагон велат дека балоните се начин за брзо забележување на заканите, групите за граѓански слободи имаат различно мислење.

- Мислиме дека американските градови не треба да бидат предмет на широкопојасен надзор во кој секое возило би можело да биде следено каде и да оди. Не треба да дозволиме ова да се користи во САД и вознемирувачки е да се чуе дека се вршат овие тестирања - истакна Џеј Стенли од Американскиот сојуз за граѓански слободи (ACLU).
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот