X
 23.08.2015 Технологија

За сите носталгичари... "Нокија 3310" повторно во продажба

На оние на кои им беше малку во 1990-те, сега може да ја имаат повторно. Се работи за „Нокија 3310“ - неуништливиот телефон, кој се враќа на пазарот.


Имено, најавата за повторната продажба на телефонот доаѓа од „Алиекспрес“, кои за неколку дена ќе го продаваат телефонот за само 6 евра. Откако ќе се порача, за добивање на телефонот ќе се чека 3-4 недели.

За оние кои заборавиле, телефонот тежи 133 грама и во времето кога излезе беше помал од своите конкуренти.

Освен екран со зелена боја, телефонот има и именик за 250 контакти, 35 мелодии, часовник, аларм и калкулатор, а батеријата трае цела вечност.


Подготвил: Драгана Петрушевска
Тагови:

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Технологија