X
 23.09.2016 Живот

Ако пиете алкохол сами, најверојатно имате проблем

Западните Европејци имаат предрасуди за луѓето што пијат алкохол сами. Едно истражување на Универзитетот во Оксфорд за навиките во пиење покажало дека тенденцијата да се пие сам укажува на проблем кај личноста, односно, ако личноста пие сама се отвора прашање за нејзината општа благосостојба.

алкохол


Истражувачите од студијата велат дека пристрасноста на културата за ектровертните личности прави забуна во проблемот: да се пие сам значи дека личноста е социјално изолирана и претставува закана. Кери Алан за Вашингтон Пост пишува дека „за маж кој е сам во бар се претпоставува дека не бара ништо друго освен пијалок, а жените се перцепирани како да имаат недостиг од романтично друштво и се можност за задоволување на страстите, што не е исклучено да се случи и во самиот бар.“ 

Неповторливата Одри Хепберн нагласувала често дека обожава да биде интровертна: „Сакам да бидам тоа што сум, сакам да сум на отворено, ги сакам долгите прошетки со моите кучиња и сакам да гледам во дрвјата, цвеќиња и небото.“ Дали можеби ако изјавела дека обожава да се напие чаша вино сама, многумина би ја оцениле поинаку?

Алкохолот е природно да се консумира во друштво, на убави настани, за да ја загрее атмосферата и расположението. Ако и вие припаѓате на интровертните и можеби знаете да се напиете чаша-две алкохол сами, вреди да размислите дали имате проблем со кој немате храброст да се соочите или само успевате да најдете удобност во самотијата додека пиете од омилениот алкохолен пијалок.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот