X
 02.05.2019 Живот

Њујорк забранува реклами за алкохол на градски имот

Градот Њујорк го забрани рекламирањето на алкохол на градските објекти и имоти, наведувајќи дека претераното консумирање алкохол претставува ризик за здравјето.

Забраната, која стапува во сила веднаш, се однесува на автобуските постојки, киосците, пунктовите за безжичен интернет и киосците за рециклирање, но не и на локациите каде што се продава алкохол, како што се рестораните, стадионите и концертните сали. Постојните реклами на алкохолни пијалаци ќе може да останат до истекот на договорот.

Ваква одлука претходно донесоа и Филаделфија, Сан Франциско и Лос Анџелес.

- Оваа одлука ја потврдува нашата посветеност на здравјето и одлучноста да ја заштитиме благосостојбата на сите жители на Њујорк - истакна градоначалникот Бил де Бласио.

Градските челници наведуваат дека студиите покажале дека изложеноста на реклами за алкохол може да ги поттикне луѓето повеќе да пијат, а регистриран е и пораст на смртните случаи предизвикани од алкохол. Во 2016 година речиси 2.000 њујорчани починале од причини поврзани со алкохол.
Подготвил: Билјана Арсовска

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Живот