X
 23.09.2016 Образование

Рангирање на 100те најдобри универзитети 2016/2017

Во овогодинешното рангирање на светските универзитети има интересни промени. Универзитетот од Оксфорд се најде на првото место. Институтот за технологија од Калифорнија кој таму се наоѓа со години, е под него. Останатите од првите 10 позиции остануваат непроменети од минатата година.

универзитет


Универзитетот во Кембриџ и Кралскиот колеџ во Лондон исто така се најдоа во првите 10, а Универзитетскиот колеџ Лондон од 14то место, на 15то место, едно подолу од минатата година.
Велика Британија има 91 од првите 980 места во тринаесетото годишно рангирање на високото образование од Тајмс, а во првите 200 има 32 рангирани високо-образовни институции.

Фил Бати, уредник на ранг листите, вели дека е фантастично што Универзитетот во Оксфорд е на прво место за прв пат и дека е тоа огромен успех за британското високо образование затоа што тоа ја зацврстува позицијата на нацијата како една од најдобрите во светот во полето на високото образование. Понатаму вели:

„Сепак, Велика Британија ќе мора да внимава на континуираните искачувања на Азија. Иако мислењето за Азија како „следна супер сила на високото образование“ е станато клише во последните години, порастот на континентот во рангирањата е вистински и реален. Во Велика Британија Брегзит веќе предизвикува несигурности за овој сектор. Тие беа замрзнати од заеднички истражувачки проекти со колегите од ЕУ и многу признаваат дека можеби ќе побараат да се преместат во универзитет надвор од земјата.

Велика Британија мора да знае дека тоа ја ограничува штетата на академците, студентите, универзитетите и науката за време на преговорите од Брегзит, за да осигура дека кралството останува една од светските лидери во високото образование.“

РАНГ ЛИСТА НА ТОП 100 УНИВЕРЗИТЕТИ 2016/2017

Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование