„Тајмс хајр еџукејшн“ неодамна објави ранг-листа со најдобрите универзитети во светот во областа на бизнисот и економијата за 2022 година.
На листата има 795 универзитети лоцирани во 62 земји низ светот. Најголем дел од најдобрите 20 се во САД, а повеќе претставници има и Обединетото Кралство.
Првото место го делат два универзитети од САД.
Најдобри 5 универзитети за бизнис и економија
=1. Технолошки институт во Масачусетс, САД
=1. „Стенфорд“, САД
3. Универзитет во Кембриџ, Обединето Кралство
4. Универзитет во Оксфорд, Обединето Кралство
5. „Харвард“, САД
Листата со најдобрите 200 универзитети во областа може да ја најдете
овде.
Извор:
Times Higher Education
Фото: Pixabay