Кога веќе децата растат во дигитална ера, освен Фејсбук и Месинџер, не е лошо да користат и апликации што може да им бидат од помош за учење.
Предлози:
Evernote - Апликација со чија помош може да се составува список на задачи што треба да се завршат, да се подеси потсетник и слично.
Lumosity - Апликација за вежбање на меморијата и подобрување на когнитивните способности.
Wikipedia - Апликација на најголемата светска дигитална енциклопедија што нуди увид во околу 10 милиони текстови, достапни на повеќе од 280 јазици.
Duolingo - Апликација која подучува странски јазици и нуди можност за превод на веб страници и документи.
PhotoMath - Апликација со чија помош се решаваат математички проблеми. Доволно е камерата на смартфонот да се насочи кон задачата, при се добива решението, но и објаснување, чекор по чекор, како се доаѓа до него.
Forest - Аликацијава користи итар начин за “игрификација“ на учењето. На детето му овозможува дигитално
да посади дрво секогаш кога одредено време ќе посвети на учење или пишување домашно. Ако се вклучи нова апликација додека часовникот се уште одбројува, дрвото ќе почне да се суши.