X
 18.01.2016 Образование

Зошто Цукерберг вложува милијарди во "персонализирано учење"?

Основачот на Фејсбук, Марк Цукерберг верува дека персонализираното учење е одговорот на голем број од сегашните проблеми во образованието. Ова е една од четирите клучни области во кои тој и неговата сопруга Присила Чан, ќе финансираат 45 милијарди долари.

 

учење


Додека некои водат дебата дали ова е филантропски акт или луцидна бизнис стратегија, други прашуваат: што е всушност персонализираното учење? Бидејќи и покрај ентузијастичката поддршка на политичарите кон персонализираното образование, сепак не постои јасна дефиниција.

Многу експерти за образование би рекле дека персонализираното учење е всушност модифицирање на материјалот за учење и стиловите на учење со цел да се приспособат на различните начини на кои учениците учат. Други го гледаат како еден вид на бирократија на централизираното училиште, а терминот „персонализирано“ се користи наместо индивидуалец, ученик во центарот или прилагодено. Воопшто не е јасно како наставниците би требало да го поддржат ова персонализирано учење со персонализирани ресурси врз основа на бројот на учениците, или пак како да ги сносат трошоците за тоа.

Но, се чини дека Цукерберг има јасна дефиниција во предвид. Според него, персонализираното учење е учење во кое наставниците работат со учениците и создаваат инструкции за да ги задоволат индивидуалните потреби и интереси на учениците. Иако иницијативата на Чан Цукерберг за персонализирана платформа за учење не е дел од Фејсбук, сепак основните принципи се исти: човечката работа е заменета со технологијата, алгоритмите им обезбедуваат на корисниците содржина врз основа на анализа на нивното претходно однесување и претходно покажани интереси. Ова е слично на тоа како функционира почетната страна на секој корисник на Фејсбук, како и други комерцијални персонализации врз основа на анализа на текстот и однесувањето.

Потенцијалот на новите технологии или пристапи за нарушување на образование предзвикаат доста возбуда, а постои и загриженост дека инвестирањето во персонализираното учење може да биде поттик за Силиконската Долина, меѓутоа ужасен удар за наставниците.

Опасностите од персонализираното учење

Идејата на Цукерберг за персонализирано учење има три главни недостатоци. Прво, образованието отсекогаш било во врска со стекнување на знаења и способности релевантни за одредена професија, но исто така и за стекнување на општи знаења. Доколку децата учат само за она за што се заинтересирани, светот може да заврши со многу специјалисти и малку генералисти.

Второ, додека учениците можат да се справат со обидот да учат на начин кој не е прилагоден за нив, во реалниот свет, животот не секогаш ќе биде толку добар кон нив. Нивниот недостаток на способност да компензираат може да значи дека тие ќе страдаат.

И трето, детските параметри не се фиксни - всушност тие се менуваат според нивните одговори врз животната средина. Да се предвиде содржина релевантна за децата мора да има чувствителен, човечки фактор, а не автоматизација. Во спротивно, ќе завршиме со таканаречено де-персонализирано учење и училници со малку разговор помеѓу наставникот и ученикот. Ризикот е во намалувањето на вредните социјални контакти меѓу учениците, наставниците и родителите.

Исто така, тука е и проблемот за обезбедување на податоците на децата кои не смеат да бидат злоупотребени. Евидентирањето на напредокот на учениците, параметрите и потребите претставуваат ризик за приватноста и доколку таа не се управува правилно. Неодамнешниот пример со „Vtech“, чии интернет-поврзани играчки и уреди беа хакирани со што се открија милиони фотографии од деца и чет логови, илустрираат опасност - кој ќе одлучи кои податоци ќе се собираат и како тие ќе бидат складирани и употребени?

Персонализираното учење со себе носи комплексни проблеми кои вклучуваат недостаток на моќ, соработка и дијалог. Исто така носи и возбудливи можности за иднината.

Каде персонализираното учење би можело да биде од помош?

Мотивацијата е од клучно значење во ефективното учење, а персонализираното учење на децата им дава чувство на сопственост и важност, додека персонализираните оценувања се сметаат за ефикасни.

Овие вредности се суштината на „AltSchool“, училиште кое неодамна собра 100 милиони долари. „AltSchool“ претставува заедница на микро-училишта чиишто искуства на персонализирано учење вклучува собирање на податоци во врска со постигнувањето на учениците, оценките и резултатите од тестовите за меморија и нивоата на енергија. Овие податоци се поврзани заедно со интересите и параметрите на учениците за да се прилагоди содржината.

Засега не се знае колку добро функционира, или дали воопшто функционира. Она што го знаеме дека ова е само една визија за персонализираното учење, поткрепено со докази дека е двосмислено.

Ако персонализираното учење е осмислено како средства за прилагодување на учењето на учениците според нивните потреби како и искуството на наставниците и барањата на училиштата, тогаш постои надеж.

Меѓутоа ова бара развој на стратегии кои ќе ги поддржат потребите на децата и на наставниците во образованието. Ова е нешто за кое е потребно време, разговор и соработка, и не може да биде забрзано со едноставно фрлање на милион долари во технологијата - дури ни тогаш кога вашето име е Марк Цукерберг.
Подготвил: Тамара Гроздановски

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Образование