Деновиве во
Кина привршува градбата на еден од
најголемите телескопи во светот, пишува
CNN. Телескопот кој има сателитска чинија
од 500 метри, голем е колку 30 фудбалски
игралишта и ќе се користи за детектирање
на радио сигнали и потенцијални знаци
кои укажуваат на живот на други планети.
Според
претседателот на Meti International, организација
која е посветена на потрагата по вонземски
живот, телескопот ќе може на
побрз и поефикасен начин да бара знаци
за живот надвор од планетата Земја.
Телескопот е наречен FAST (Five-hundred-meter
Aperture Spherical radio Telescope) и е сместен во
природна вдлабнатина во планинско
подрачје во Југоисточна Кина, а ќе биде
пуште во употреба на 25 – ти септември.
Изработката
на телескопот чини 185 милиони долари.
Процесот кога телескопот го пуштаат во
функција астрономите го нарекуваат
„прво светло“, бидејќи ја бележи првата
слика од вселената. Најдобар телескоп
со најголеми можности пред FAST, беше
телескопот Arecibo во Пуерто Рико, а поголем
телескоп од FAST и Arecibo е рускиот RATAN-600.
Градбата на
телескопот FAST започнала во 2011, а последните
од 4.450-те триангуларни панели поставени
биле на почетокот на јули годинава.
Местото на кое
е поставен телескопот е најпогодно за
вакви активности. Вдлабнатината во
планината е со совршена големина, а и
планините околу се погодни за заштита
од испреплетување на радио фреквенции.
Тоа место е дом на 12 семејства, но 65
жители биле разместени од своите домови,
заради подобро функционирање на
телексопот.
Се очекува телескопот да даде одговор
на прашањата како настанала вселената
и да детектира гравитациски бранови,
што ќе откријат како настанала галаксијата.
Целта на Кина е да испратат човек на
Месецот и роботска сонда на Марс.
Телескопот би требало да помогне во
следењето на тие мисии.