X
 02.02.2017 Наука

Што се случува со телото ако умрете во вселената?

Откако човекот почнал да ја истражува вселената со ракети, загубени се 18 луѓе од кои 14 се астронаути на НАСА. Останува отворено прашањето за безбедноста на астронаутите и дали телата на починатите може да се вратат на земјата?

мртов астронаут

Денес астронаутите минуваат одедено време во Интернационалната вселенска станица и тогаш се со беспрекорно здравје. Дали постои ризик за нивниот живот?

„Во најлошиот случај може да бидете ударени од микро-метеорит за време на вселенската прошетка и за тоа не можете да направите ништо. Ќе Ви направи дупка во опремата и Ви сте онеспособени да се спасите,“ вели Крис Хадфилд, канадски астронаут.

Хипотетички, астронаутот би имал 15 секунди пред да изгуби свест, а пред да замрзне веројатно би умрел од задушување или декомпресија. Крвта и водата од телото ќе испарат, а телото ќе се прошири како балон.

Сепак вселената се истражува релативно кратко време, но постојано се прошируваат границите на истражените простори, а и ќе се продолжи во таа насока без разлика на ризиците.

Моментално Марс претставува голем предизвик и секој астронаут или вселенски турист ќе мора да се соочи со фактот дека постои голема можност за смрт, без разлика дали ќе се случи одеднаш или ќе се случува бавно.
Подготвил: Марта Димитров

Издвојуваме

Слични вести од Fakulteti.mk

Наука