Ракета лансирана од компанијата „Спејс-екс“ на Илон Маск е на пат да удри во Месечината и да експлодира. Станува збор за ракета „Фалкон 9“ која била лансирана во 2014 година, но откако ја завршила мисијата - да испрати метеоролошки сателит во вселената, таа немала доволно гориво за да се врати на Земјата и останала во вселената.
Ова ќе биде првиот познат неконтролиран удар на ракета во Месечината, изјавил за Би-би-си астрономот Џонатан Мекдауел. Меѓутоа, ефектот ќе биде мал, додава тој.
Фото: Pixabay
Ракетата била привлекувана од различни гравитациски сили на Земјата, Месечината и Сонцето од 2015 година и е дел од милионите вселенски летала и сателити што лебдат во вселената како вселенски отпад.
Ударот на ракетата во подалечната страна на Месечината треба да се случи на 4 март. Експлозијата при ударот треба да остави мал кратер на површината на Месечината. Ракетата тежи 4 тони.
Извор:
BBC
Фото: Pixabay